14:55 - 2 април, 2026

Луѓето „умираат“ од смеење – Далибор Петко го копираше аутфитот на Јелена Карлеуша (ФОТО)

Познатиот хрватски радио и ТВ водител Далибор Петко не се досадува ниту во присилната изолација. Тоа досега безброј пати го потврди, а доколку го следите на Инстаграм – ниту на вас не може да ви биде досадно.

Тој овој пат модна инспирација пронајде во Јелена Карлеуша која е позната по својот екстравагантен стил и храбро се одлучи да копира еден од нејзините последни стајлинзи.

Необичниот мал син фустан на Карлеуша и стои совршено, но се чини дека Петко овој пат ја засени.

„Како да останете гламурозни и во време на коронавирусот? Кога не можеш да излезеш, снајди се сам. За имитација на овој аутфит на Јелена Карлеуша потребни се три ролни украсна хартија и доста салотејп. Косата измијте ја пред снимањето“, се пошегува Петко во описот на фотографијата на која позира како Карлеуша.

На неговата смисла за хумор на остана рамнодушна ниту Јелена која ја копираше неговата фотографија и ја постави на Инстаграм стори.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....