03:30 - 13 ноември, 2026

„ЛОНДОН КОЛИНГ“ стана „КИЕВ КОЛИНГ“: Бенд составен од архитект, ортопед и бизнисмен го препеаа хитот на „Клеш“

„Киев го повикува целиот свет… излезете од неутралноста вие момци и девојки“, украински панк бенд напиша своја верзија на познатиот хит „London Calling“ од 1979 година.

„Kyiv Calling“, песна која е препев на хотот на британскиот бенд Клеш, деновиве во Лавов го сними „Бетон“- украински бенд кој се опишува себеси како „хардкор панк“ и е составен од архитект, ортопед и бизнисмен, кои, (цитирани од Би-Би-Си), тврдат дека самите го имале благословот на Клеш.

Нивната СОС -порака е упатена на светот да застане на страната на Украина, против рускиот напаѓач.

Приходите од продажбата на „Киев колинг“, веќе достапна онлајн, Бетонс ќе ги донира на Движењето за отпор на Слободна Украина кое собира средства за помош на украинското население, погодено во последните недели од бомбардирањата на руската армија.

Инаку, албумот “Лондон колинг” на Клеш е изгласан за надобар албум на осумдесеттите години од страна на списанието “Ролинг стоунс магазин“.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....