Лив Тајлер неодамна гостуваше во шоуто на Џими Кимел и зборуваше за својот живот во Лондон, децата, сопругот, а играше и игра со препознавање на сообраќајните знаци кои ја збунија убавата актерка.
Го споменаа и нејзиниот славен татко Стивен Тајлер, фронтменот на групата Аеросмит. На прашањето како се чувствува на неговите настапи, Лив даде интересен одговор.
„Тој е навистина фантастичен. Како изведувач, никогаш ништо не прави половично, секогаш пее од срце и дава сто проценти од себе во изведувањето. Всушност сум и изненадена што се уште настапува, но сепак прави некои работи од кои се срамам. На пример, кога ќе го јавне држачот за микрофонот“, одговори Лив.
Лив Тајлер инаку ја паметиме токму по спотот на групата на нејзиниот татко за песната „Crazy“ и по улогата на Арвен, во трилогијата Господар на прстените која беше наградена со Оскар.
Денес Лив Тајлер е актерка и има две деца Лулу и Саилора со американскиот спортски агент, Дејвид Гарднер.