7.7 C
Скопје
00:15 - 1 април, 2026

Лејди Гага одлучи да се самоизолира: Сега се дружам со моите кучиња! (ФОТО)

Славната музичка ѕвезда Лејди Гага на својот Инстаграм профил, објави дека донела одлука за самоизолација, во период кога ситуацијата со коронавирусот станува се полоша на светско ниво.

Гага објави фотографија со своите кучиња и напиша дека веќе разговарала со стручни лица, кои и дале препораки за тоа како да се однесува за време на смртоносниот вирус.

„На оваа тема разговарав со некои лекари и научници. Не е најлесно за секого во моментов, но најздравото нешто што можеме да го направиме сега е да се самоизолираме и да не се дружиме со луѓе над 65 години, како и да избегнуваме поголеми групи на луѓе“, пишува Гага под фотографијата.

„Би сакала да ги видам моите родители  и баба и дедо во моментов, но многу е побезбедно за нив да не се гледаме, за да не ги разболам ако имам коронавирус. Јас се дружам дома со моите кучиња. Те сакам свету. Разговарав со Бога – рече дека ќе бидеме во ред. Верувајте ми”, заклучи славната пејачка на Инстаграм.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....