9.8 C
Скопје
15:49 - 31 март, 2026

Лазар Ристовски ја исфрлил поранешната сопруга од серијата и ја ангажирал новата девојка: Не сакал да се сретнат на сетот

Актерот Лазар Ристовски, откако се разведе од сопругата Даница, ја исфрли од екипата на серијата „Dream Team“, а место неа ја нагажираше својата нова девојка Аница Лазиќ, која е 39 години помлада од него.

Даница одигра една од главните женски улоги во првата сезона од оваа серија. Таа ја играше спортската коментаторка Јованка Канаѓанин, чиј лик во втората сезона беше заменет со друга новинарка, која ја игра Паулина Манов. Ликот на Јованка во тековната сезона е целосно отстранет.

Во продолжение на серијата, како што пренесува „Курир“, се појавува сегашната девојка на Лазар, Аница. Ристовски улогата на Босиљка и ја доделил на својата партнерка, па многумина сметаат дека актерот тоа го направил за да нема непријатна средба меѓу поранешната и сегашната партнерка на сетот.

– Лазар ја сними оваа серија откако објави дека се разведува од Даница со која беше во брак речиси пет децении. За да избегне каква било средба меѓу нив или да не се посомнева дека по разводот меѓу него и Аница има нешто повеќе од колегијална врска, Ристовски одлучил дека е најдобро да го отстрани ликот на Јованка од втората сезона на серијата, на која тој е продуцент и главен актер. Тоа дури сега го сфатија сите кои работеа на серијата, вклучувајќи ја и самата Даница, на која ова и беше една од омилените улоги во кариерата – изјавил извор за српски „Курир“.
Даница Ристовски, инаку, во јавноста изјави дека споменатата улога е „актерска посластица“ и дека е „неочекувана и автентична“.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....