30.3 C
Скопје
15:56 - 9 јули, 2026

Лавров: Русија верува во дијалог со Западот; цел ни е да ги заштитиме цивилите во Донбас; Путин не е болен

„Русија не верува дека вратите за продолжување на дијалогот со Западот се затворени“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за француската телевизија ТФ1, пренесено од од руската агенција ТАСС.

Во уште едно јавно интервју за западните медиуми, министерот за надворешни работи се осврна на сите прашања поврзани со тековниот конфликт во Украина, од ситуацијата на теренот во Донбас до влијанието на НАТО, улогата на Европската унија, па до можностите за дијалог.

„Иднината на териториите на Украина каде Русија ја спроведува својата специјална воена операција треба да ја решат нивните граѓани“, појаснува Лавров, додавајќи дека не верува „дека тие ќе бидат среќни што повторно ќе бидат управувани од неонацистичкиот режим кој ја покажа својата целосно русофобична природа. Останува на самите граѓани да одлучат“.

На прашање за НАТО, Лавров одговара – „НАТО нема да дозволи Европската унија да одлучува каде и како да ги користи своите вооружени сили. Тие измислија „стратешки компас“ за да ѝ дадат воена димензија на Европската унија“, објаснува Лавров, додавајќи дека „милитаризираната Европска унија веќе се смета од Атлантската алијанса како додаток на НАТО наместо независен ентитет кој сам одлучува кога и како да ги користи своите вооружени сили. Убеден сум дека тоа нема да ѝ биде дозволено на Европската унија “.

На прашањето пак, што сака Русија, шефот на руската дипломатија вели – „режимот во Киев да престане да убива цивили во Донбас како што тоа го правеше осум долги години, од државниот удар во Украина во 2014 година. Затоа нашите цели се да ги заштитиме цивилите во Донбас и да ја демилитаризираме Украина. Односно, на нејзината територија повеќе не смее да има оружје што претставува закана за Руската Федерација“, објаснува Сергеј Лавров во интервју за француската телевизија, и додава: „Ние исто така сакаме да ги вратиме правата на рускиот јазик, во согласност со Уставот на Украина, кој режимот во Киев го прекрши со усвојување антируски закони. Но, мора и да ја денацизираме Украина, бидејќи неонацистичките идеи и дела сега се дел од животот во Украина“.

„Не сакаме да кажеме дека патот за обновување на одреден дијалог е прекинат. Но, сега ќе судиме за европските намери само врз основа на конкретни дејствија “, продолжи Лавров во интервјуто, предупредувајќи: Ја научивме лекцијата. Во оваа смисла, ситуацијата се промени од крајот на Студената војна. Во тоа време  многу се зборуваше за универзалните човечки вредности, за заедничката иднина на Европа од Атлантикот до Тихиот Океан. Тие беа благородни зборови. Но, штом дојде до преземање конкретни чекори и преведување на тие слогани во акција, Европа покажа неподготвеност “.

Во интервјуто, Лавров и негираше дека претседателот Владимир Путин е болен, уверувајќи дека нема никакви симптоми, и дека секојдневно се појавува во јавност. Министерот за надворешни работи потоа додаде: „Не мислам дека некој што е разумен може да види кај Путин знаци на болест или некакво нарушување“, пренесува раињуз.

Слични објави

Возачот осомничен за смртта на братот на Дарко Лазиќ пуштен од притвор: Познати нови детали од истрагата

Еспресо

„Цела година не сум земала ниту едно евро“: Драгана Мирковиќ откри дека поради хуманитарните концерти останала без заработка

Еспресо

„Се надевам дека следниот пат ќе си ја најдам колата на дрво“: Весна Петрушевска повторно се пошегува на своја сметка по нов инцидент со колата

Еспресо

(Фото) Драма во домот на Лепа Брена – пејачката и нејзинот син Виктор барале помош, нуделе и награда

Еспресо

Хит на денот: Гледач во програма му кажа на Роберт дека направил песна за него и за Милена

apostolova

„Се чувствував забележана“: Тамара Калиниќ ги расплакала сите со својот говор на раскошната свадба

Еспресо
Се вчитува....