Новата хит серија на HBO, „House of the Dragon“, спин-оф на култната „Игра на тронови“, ја имаше својата премиера пред неколку дена, а две млади ѕвезди од серијата го привлекоа вниманието на фановите.
Дејството на серијата се случува во ерата кога Таргариените владеат со Вестерос, а најмногу се врти околу предците на Денерис Таргариен, принцезата Ренира Таргариен и принцот Дејмон Таргариен. Принцезата Ренир ја глумат две млади актерки, Ема Д’Арси и Мили Алкок, кои публиката немала прилика често да ги гледа.
View this post on Instagram
Принцезата Ренир е портретирана од Ема Д’Арси, 30-годишна британска филмска и телевизиска актерка. Јавноста досега можеше да ја види во сериите „Truth Seekers“ и „Wanderlust“. Не се знае многу за нејзиниот приватен живот, а се знае само дека таа се смета себеси за небинарна личност и дека претпочита да и се обраќаат со заменката тие.
View this post on Instagram
На помлада возраст, принцезата Ренир ја игра Мили Алкок, млада 22-годишна Австралијка која досега глумеше во сериите Janet King, A Place to Call Home, Fighting Season i Reckoning, а House of the Dragon е нејзиниот медиумски најплатен проект кој би требало да ја лансира во ѕвездената орбита.
View this post on Instagram
Почнала да глуми како тинејџерка, првенствено снимала реклами, а подоцна се префрлила на филмот и телевизијата. За нејзиниот приватен живот малку се знае, но веќе се шпекулира дека многу модни куќи ќе и понудат различни соработки, бидејќи станува збор за вистинска убавица.
View this post on Instagram