Славните рокери „The Rolling Stones“, како резултат на ситуацијата со коронавирусот која ја зафати целата планета и прогласувањето на пандемија, ја откажаа претстојната северноамериканска турнеја, која требаше да трае од 8 мај до 9 јули годинава.
Турнејата е одложена поради глобалната пандемија од коронавирусот, поради која веќе многу артисти откажаа и прекинаа бројни манифестации од сите сфери ширум светот.
„Многу сме разочарани што мораме да ја откажеме турнејата“, напишаа популарните Стонси во своето соопштение.
„Им се извинуваме на фановите кои и се радуваа на турнејата толку многу како и ние, но здравјето и безбедноста имаат приоритет. Сите заедно ќе се извлечеме од ова и ќе се видиме набргу“, порачаа Мик, Кит, Чарли и Рони.
Стонси се огласија преку социјалните мрежи, а своето соопштение до фановите го објавија на Инстаграм.