6.8 C
Скопје
09:07 - 1 април, 2026

Конечно прекрасна вест, Попоски најавува: Доаѓа вистинско лето и прв африкански топлотен бран, еве кога!

– По интензивните врнежи и поплави кои ја зафатија нашата територија, како и територијата на целиот регион, следната седмица конечно кај нас доаѓа првиот ИЗРАЗЕН Африкански топлотен бран кој ќе ни донесе вистинско лето.

Следната седмица територијата на Македонија, како и на целиот регион ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка. Времето ќе биде МНОГУ ПОСТАБИЛНО за разлика од сега и со многу повеќе сонце.

Температурите ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и максималните дневни температури на повеќе места ќе се искачат и над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до 35 степени.

Во Скопје максималната температура следната седмица ќе порасне до 33 степени.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Летната сезона следната седмица може да започне, како и уживањето на граѓаните на плажите. Останува да ја следиме актуелната временска состојба, со тоа ќе знаеме колку точно ќе се задржи топлотниот бран кај нас.

Инаку за време на овој викенд и понатаму на повеќе места ќе има врнежливо време, а ќе дува и засилен ветер од северен правец – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....