12.8 C
Скопје
06:23 - 13 октомври, 2026

Комичарот Били Кристал за ВИЛ СМИТ: Вознемирувачки инцидент кој можеше да се спречи!

Меѓу многуте личности кои во последните денови се изјаснија за шлаканицата на Вил Смит упатена на Крис Рок за време на ноќта на Оскарите, се огласи и комичарот Били Кристал. Инаку Кристал има огромно искуство во водењето на девет Оскар настани ( 1990, 1993, 1997, 1998, 2000, 2004 и 2012 година). Многумина се надеваат дека ќе се врати како водител зашто неговите скечеви на Оскарите се меѓу најценетите, а единствено Боб Хоуп бил водител на повеќе Оскари од него (19).

Појавувајќи се во шоуто Back on the Record на HBO Max, Кристал го нарече она што се случи на сцената на Оскарите „навистина вознемирувачки инцидент, без сомнение. Тоа беше напад“.

Актерот продолжи: „За време на претпродукцијата на Оскарите работев со извонредниот Гил Кејтс. Тој беше продуцент на шест од деветте изданија што ги водев. Заедно секогаш размислувавме за целата церемонија. Според искуството на Кристал, водењето на Оскарите вклучува и еден вид контрола. А така е и со водењето на Греми наградите. Кристал дава еден пример: за време на едно од изданијата на Греми кое го водел Кристал, комичарот Џеки Мејсон направил многу провокативна шега, предизвикувајќи слична реакција кај Литл Ричард како онаа предизвикана кај Вил Смит. Но, Кристал веднаш бил испратен на сцената за да ја ублажи ситуацијата, и тој тоа го направи со многу смешна шега измислена во истиот миг.

 

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум ги изненади следбениците со новиот изглед: Изгледа многу помладо

Еспресо

(Видео) Мајмун ѝ го украде појадокот на Јована Пајиќ на Бали: Снимката ги насмеа сите

apostolova

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Сакам да пеам на Евровизија: Карлеуша изненади пред концертот во Скопје

Еспресо

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани со емотивна порака за роденденот на татко ѝ Гаги: „Те сакам многу“

Еспресо
Се вчитува....