8.8 C
Скопје
11:46 - 1 април, 2026

Колку земаат за пеење на свадби регионалните ѕвезди Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена: Од цифрите ќе ви се заврти во глава

Регионалните музички ѕвезди ги полнат сите концертни сали во кои настапуваат. Иако имаат повеќедецениска кариера сепак не им е непознато да пеат на приватни прослави, како што се свадби и за тоа заработуваат огромни хонорари.

Обичајот кој некогаш се сметаше за понижувачки, на ѕвездите како Јелена Розга, Халид Бешлиќ, Жељко Јоксимовиќ и Лепа Брена им носи речиси најголем приход денес.

Јелена Розга и Тони Цетински заедно чинат повеќе од 15.000 евра, доколку сакате да се појават на вашата свадбена веселба. Како што пишува „Стори“, Јелена за пеење на свадба зема 6.000 евра, додека Тони бара дури 10.000 евра.

Доколку сакате на свадбата да ви пее Жељко Јоксимовиќ ќе треба да издвоите буџет од 10.000 евра, а најскапо ќе поминете ако ја ангажирате Лепа Брена, која „свадбарскиот“ настап го наплатува по 30.000 евра.

Еве колку чинат регионалните ѕвезди кога пеат на свадби:

1. Халид Бешлиќ – 8 -10 илјади евра

2. Жељко Јоксимовиќ – 10 илјади евра

3. Јелена Розга – 6 илјади евра

4. Маја Шупут – 8 илјади евра

5. Младен Грдовиќ – 5 илјади евра

6. Неда Украдена – 5 илјади евра

7. Тони Цетински – 10 илјади евра

8. Јошко Чагаљ Џоле – 8 илјади евра

9. Лепа Брена – 30 илјади евра

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....