-3.2 C
Скопје
00:54 - 18 декември, 2025

Која песна за првиот танц носи среќа во бракот, а која најчесто води до развод?

Првиот танц е еден од најпосебните моменти на секоја венчавка, симбол на нов почеток, па токму затоа многу парови внимателно ја избираат песната на која ќе го изиграат својот прв танц со сопружникот.

Младенците главно избираат песни кои за нив имаат посебно значење и место во срцето, но таа песна има многу поголемо значење отколку што повеќето мислат, барем доколку судиме според анкетата која ја спроведе странскиот портал „OnBuy“.

Имено, резултатите од анкетата покажале дека младенците кои за првиот танц избрале одредени песни имаат среќни бракови, додека пак некои песни, не носат брачна среќа па тие бракови најчесто завршуваат со развод. Целта на анкетата била всушност – да открие постои ли поврзаност меѓу стапката на разводи и песните кои младенците ги избирале за првиот танц.

Тие прашале 5544 лица ширум светот кои песните ги избрале и кој е нивниот моментален брачен статус. Потоа направиле листа од 25 најчесто изборани песни и направиле соодветна пресметка за брачните статуси.

Добиените податоци покажале дека најпопуларна песна за првиот танце е „Can’t Help Falling In Love” од Елвис Присли со 10,48 проценти од гласовите. Анкетата исто така открила дека песната која најчесто носи среќа во бракот е „Can You Feel The Love Tonight” од Елтон Џон – 77 проценти од оние кои ја избрале оваа песна останале во брак. Општо, поголеми се шансите дека парот ќе остане во брак ако за прв танц одбере и некоја од песните на Дизни, па така повеќе од 70 проценти од анкетираните парови кои одбрале нивна песна сè уште се заедно. Песни кои исто така носат брачна среќа се и „Isn’t She Lovely” од Стиви Вондер и „The Way You Look Tonight” од Френк Синатра.

Песната која пак заврши со најмногу разводи е „Little Things” од групата „One Direction“ 75 проценти од паровите кои ја избрале оваа песна се развеле. На непопуларната листа следат и „I’m Yours” од Џејсон Мраз и „Chasing Cars” од групата „Snow Patrol“.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....