21:32 - 24 ноември, 2026

(Фото) Која е тајната на Јелена Розга за „порцеланскиот“ тен и витката линија? Едно нешто никогаш не консумира

Иако зачекори во петтата деценија, Јелена Розга сè уште важи за една од најнегуваните жени во регионот.

Пејачката неодамна ги откри своите мали, но скапоцени тајни кои ѝ помагаат да го одржи беспрекорниот изглед.

– Многу спијам, никогаш не консумирам алкохол. Не знам каков вкус има виното или кој било друг алкохолен пијалак. Главно пијам само вода, а пред неколку години ги исфрлив газираните пијалаци, првенствено поради срцето и тироидната жлезда. Редовно одам на масажи, лесни терапии и многу малку се шминкам – откри Розга.

Нејзиниот „порцелански“ тен ѝ стана заштитен знак, а избегнувањето на сонцето е уште еден доказ за тоа колку е свесна за штетните ефекти на УВ зраците врз кожата.

– Не излегувам на сонце. Порано беа изненадени што сум толку бела, а сум од Сплит. Сега се навикнаа, тоа јас сум, вели Јелена.

Кога зборуваме за нејзината убавина, не може да се игнорира нејзината витка фигура.

– Не тренирам, но сум многу активна и енергична, тоа многу ме „троши“. Веројатно е поради генетиката, како и класичниот балет со кој се занимавав пред да почнам да пеам во групата Магазин. Затоа можам да си дозволам по концертите да јадам бурек, да пијам јогурт и да спијам – изјави Розга.

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.
Се вчитува....