12:22 - 2 април, 2026

Која е и што ја прави посебна Бони Габриел, новата Мис на Америка која влезе во историјата?

Новата Мис Америка Р’Бони Габриел (R’Bonney Gabriel), која ја претставуваше сојузната држава Тексас на натпреварот, е првата Филипинка во последните 60 години што победила на престижниот избор за убавина. Таа ќе ги претставува САД на претстојниот избор за Мис Универзум, кој треба да се одржи на 14 јануари 2023 година во Њу Орлеанс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R’Bonney Gabriel (@misstxusa)

„Чест ми е. Добивам пораки на Инстаграм и други социјални мрежи од филипински девојки и жени кои ми велат дека се многу возбудени и среќни. Тие заплакале од среќа, како да им го отворам патот да тргнат по тоа што го сакаат, без разлика на се. Чест ми е.“, изјави Р’Бони по натпреварот, пренесува магазинот People. Како што објави ABC News, 2022 година беше првата година кога Тексас беше претставен на изборот за Мис на САД од жена со азиско потекло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R’Bonney Nola (@rbonneynola)


Која е Р’Бони Габриел, девојката која влезе во историјата?

Р’Бони дипломирала моден дизајн на Универзитетот во Северен Тексас. Сега работи како дизајнерка која креира еколошка облека и како модел. Нејзиното хоби вклучува купување стари производи, јога, скицирање и хула-хопинг.

Родена е во Сан Антонио, Тексас. Нејзиниот татко е Филипинец, а нејзината мајка Американка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R’Bonney Nola (@rbonneynola)

Првиот поголем успех и бил кога се пријавила на избор за мис во 2020 година, каде што се пласирала меѓу петте финалистки. Таа се натпреварувала и за Мис Тексас во 2021 година, каде што била прва придружничка на Викторија Хинохоса, која следната година ја круниса за Мис Тексас 2022 година.

Габриел стана првата Мис на САД со филипинско потекло по Мејсел Вилсон во 1962 година.

Мејсел Патриша Лејлани Вилсон влезе во историјата како првата Американка со азиско потекло која победила на изборот за Мис на САД. Таа е филмска монтажерка на Данската радиодифузна корпорација и визуелен уметник. Сега има 79 години.

 

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....