24.8 C
Скопје
10:56 - 12 септември, 2026

Откриен мотивот за тепачката на Северина со сестра ѝ? Маријана се налутила за препишан имот

Пејачката Северина имаше бурно лето поради нејзината сестра Маријана Вучковиќ-Поповиќ, која на крајот на август ја обвини за напад и ја пријави во полиција. Пејачката беше приведена од полицијата на загрепскиот аеродром и сослушана врз основа на обвиненијата. Потоа мајката на Северина, Ана Вучковиќ откри дека не е прв пат Маријана да ѝ прави проблеми на сестра ѝ и дека таа и претходно ја обвинувала.

Според српскиот портал 24 Седам, наводно поттик за конфликтот биле недвижнини.

„Во медиумите се пишуваа разни работи за тоа што навистина ја предизвикало тепачката во станот во Сплит. Имаше сѐ и сешто, точно е дека Маријана беше повредена што Севе ја одјави од адресата во Сплит, но главна причина за конфликтот беше тоа што нивната мајка Ана ѝ префрлила некоја недвижнина директно на ќерката на Маријана, Мија, нејзината внука, која ја обожава. Таа воопшто не се консултирала со Маријана за тоа, додека Северина целосно ја поддржала идејата на нејзината мајка и била запознаена со сите детали. Познато е дека Мија и нејзината мајка со години не се во добри односи, а некое време таа живееше заедно со нејзината тетка“, изјави извор близок до семејството и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Кога Маријана дознала дека нејзината мајка Ана целосно ја заобиколила по ова прашање и дека имотот го префрлила на име на нејзината ќерка, а не на нејзино име, целосно полудела од бес. Ги барала мајка си и Северина да добие објаснување, но тие со денови не одговарале на нејзините повици. Со оглед на тоа што со ќерката не комуницира со години, а за тоа ја обвинува Северина, таа веднаш заминала во Сплит во станот на нејзината мајка за да се видат и да се пресметаат. Таму била и Севе, која веднаш застанала на страната на нејзината мајка и ја заштитила од бесната Маријана. Потоа знаете како се заврши“, заклучува изворот.

Што се однесува до врската со нејзината сестра Маријана Вучковиќ-Поповиќ, Севе била во добри односи со неа до споменатиот инцидент. Имено, јавноста ја запозна Маријана кога во 2010 година протестираше против изградбата на трговски центар во Сплит. Маријана тврдеше дека дел од земјиштето на кое е изграден центарот е во сопственост на нејзиното семејство и дека објектот се гради на диво. Медиумите тогаш пишуваа дека Маријана и замерувала на Северина што не се вклучила во протестите и дека пејачката во таа прилика и кажала дека тоа не ја интересира. Сепак, таа е во одличен однос со ќерката на Маријана, Мија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар во страсни моменти на плажа: Разменуваа бакнежи додека сонцето заоѓаше

Еспресо

„Веќе 15 години немам таков луксуз да поканам некого на кафе“: Емина Јаховиќ за животот во странство

Еспресо

Три хороскопски знаци кои знаат да го скршат мразот во љубовниот однос

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.
Се вчитува....