15:43 - 4 ноември, 2026

(Фото) Кијану Ривс на каскадерите од „Џон Вик“ им подари по еден „ролекс“ вреден 8.000 евра: На секој часовник изгревирал лична порака

Кијану Ривс повторно воодушевува со своите гестови.

Кијану Ривс пак ги воодушеви фановите откако се дозна дека на секој каскадер што учествувал во хит филмот “John Wick 4” подарил по еден часовник со изгравирана лична посвета.

Актерот на каскадерскиот тим им подари часовници Ролекс вредни повеќе од 8.000 евра како знак на благодарност за епските сцени од новиот филм, кој критичарите го нарекоа „еден од најдобрите акциони филмови досега“.

Станува збор за персонализиран часовник „Rolex Submariners“, модел за кој компанијата вели дека е првиот нуркачки рачен часовник отпорен на вода до длабочина од 100 метри, а лансиран е во 1953 година.

Ривс се одлучи за моделот кој беше лансиран во септември 2020 година, а се продава по цена од приближно 8.300 евра, пишува Robb Report.

Според медиумите, овие часовници се доста тешко да се набават поради неверојатната побарувачка, а Ривс успеал да набави дури четири примероци. Но, актерот не застанал тука бидејќи на секој часовник врежал лична порака.

„Петката Џон Вик“, пишува на задниот дел од часовникот, а покрај името на членот на екипата пишува: „Ви благодарам… Киану… JW4 2021 година“.

 

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....