4.8 C
Скопје
05:38 - 26 април, 2024

Ќерката на портпаролот на Путин, Песков, урива рекорди со заработувачка во воена година: Организира настани ексклузивно за државни институции

Елизавета Пескова, ќерката на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во воената година 2022 заработила 1 милион и 650 илјади евра. Додека Русија ја бомбардира Украина, фирмата на

Елизавета која се занимава со организирање на големи настани, а соработува ексклузивно со државни институции, работи со полна пареа.

Кутрата Елизавета. Кога, на 24 февруари 2022 година, Владимир Путин ја започна специјалната воена операција, напаѓајќи ја Украина, ќерката на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, Елизавета Пескова, сфати дека сè ќе се промени. На полошо, рече таа, пишувајќи антивоен пост на Инстаграм, а потоа истиот го избриша.

Инстаграм

Во април 2022 година, 25-годишната девојка беше ставена и на списокот со санкции – замрзнување на имотот и забрана за патување во Европа и Америка – а нејзиниот татко рече дека тоа е потврда за русофобичното непријателство од Западот. Елизавета ги дефинираше рестриктивните мерки што ѝ беа наметнати како „неправедни“ бидејќи „немам никаква врска со руската инвазија на Украина. Лута сум затоа што сакам да патувам и сакам да запознавам различни култури“, рече таа. Кутрата Елизавета, која порасна меѓу џет-сетот на Париз, Бијариц, Азурниот брег и Италија.

Сепак, 2022 година не донесе само болка. Според финансиските извештаи за 2022 година на нејзината компанија „Центрум Москва“, во воената година, Пескова забележала раст на нејзиниот приход за 70 пати. Компанијата се занимава со организирање големи настани, сценографија, комуникација и односи со јавност, а всушност работи речиси исклучиво со договори со државни институции: општина Москва (водена од пријателот на Путин Собјанин), Министерството за индустрија и трговија, дури и со руските служби.

Инстаграм

Елизавета заработи значителна сума во 2022 година, дури и огромна според стандардите на рускиот БДП по глава на жител: 137 милиони рубљи (еквивалент на приближно еден милион и 650 илјади евра). Во 2021 година, годината во која немаше војна, таа заработила само 1,9 милиони рубљи (22.000 евра, плата на среден државен службеник, во европските земји).
Нејзината компанија во 2022 година за прв пат оствари профит – 24 милиони рубљи (околу 290 илјади евра). Во претходните години завршните сметки биле околу нула, или малку повеќе, иако компанијата е основана во 2004 година.

Војната носи профит, секако ако си дете на некои од функционерите, како на пример, на Песков. Песков, кој околу десет години заработувал годишно околу 173.000 долари само како портпарол на Путин. Позната е неговата страст за луксузот, иако не ја искажува јавно, но се гледа преку детали – фотографиран е со часовник од 600.000 долари и, како што откри Фондацијата Навални, одел со семејството на одмор на јахта што чинело 430.000 долари за една недела, пловејќи околу Сардинија. И Елизавета ја сака Италија. Според некои извори, таа повеќе престојувала во Италија и воопшто во Европа, пред да се најде на листата на санкционирани, отколку во Русија. И таа самата своевремено изјави на руската телевизија дека се чувствува „подобро во европската средина“.

Инаку, таа посетуваше луксузно приватно француско училиште „Екол де Рош“ во Париз (кое за една година чини четвртина од годишната плата на нејзиниот татко). Потоа, стажираше во луксузната модна компанија „Луј Витон“, и уште една година стаж помина во Европскиот парламент. Според тимот на Навални, мајката (која е втора сопруга на Песков) и Елизавета во 2016 година купиле удобен стан од 180 квадратни метри по цена од 2 милиони долари помеѓу Ајфеловата кула и Триумфалната капија. Зашто мора да се има покрив додека врнат бомби.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....