11:48 - 13 ноември, 2026

Нови деловни можности: Три хороскопски знаци ќе добијат неверојатни понуди во април

Атсролозите именуваа три знаци на Зодијакот кој во текот на месец април 2023 ќе можат професионално да се докажат и да заработат повеќе од вообичаеното.

Кој ќе биде среќен на професионален план, прочитајте во продолжение.

Стрелец

Претставниците на овој хороскопски знак ги чека богат месец на деловен план полн со неочекувани пресврти – во нивна полза и необични понуди. Прво, оние кои се без работа, речиси и да нема шанса да не се вработат – освен ако бараат преку леб погача – зашто ќе имаат не една, туку повеќе можности за вработување. Оние пак кои се веќе вработени ќе добијат интересна понуда за промена на работното место – во самата фирма и/или во сосема друга фирма/интитуција. Не ја испуштајте понудата поради страв од непознато, ѕвездите советуваат да прифатите. Трето, оние кои имаат сопствен бизнис може да очекуваат профитабилен договор во април. Затоа, само напред!

Овен

Овните се дифинитивно ѕвездите на месец април, се што ќе фатат на деловен план, ќе им се позлати. Планетата Јупитер работи во нивна полза, па така нови средби кои ќе отвараат нови можности ќе имаат речиси секојдневно. Ѕвездите советуваат во април да прифатите помош или понуда од доста постара личност од спотивниот пол за деловна соработка – токму оваа соработка ќе биде судбинска и ќе ви донесе голем профит во блсика иднина.

Рак

На Раковите повеќе ќе им одат од рака хонорарните активности и проектите кои ги реализираат вон работното место. Креативноста ќе биде ставена во преден план, па нема да биде чудо ако токму споредната работа ви стане главна. Да, некои од вас дури и ќе се одлучат да дадат отказ на работното место кое до сега ги задушува за да се посветат на сосема други, вонредни активности од кои може солидно да заработуваат но и да се прослават во јавност. Ѕвездите ве советуваат да не се плашите и да ја слушате интуицијата, а не советите од другите.

Месечен хороскоп за април: Љубов за Близнаците, убави можности за Девиците, голема победа за Овните…

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....