-0.2 C
Скопје
03:26 - 21 јануари, 2025

Кетрин Зита Џонс се збогува со Кирк: Веќе ми недостасуваш!

Кетрин и Кирк меѓусебно многу се почитуваа, заедно доаѓаа на јавни случувања, a неретко објавуваа и заеднички фотографии. Таа на доделувањето на Златниот глобус 2018 му оддаде почит на својот свекор Кирк одржувајќи специјален говор за него.

Целиот Холивуд и филмската индустрија се простува од легендарниот Кирк Даглас, кој почина на 103 години. Тажната вест ја соопшти неговото семејство. Сопругата на Мајкл Даглас (75), актерката Кетрин Зита Џонс (50), јавно се прости од свекорот.

„Мој драг Кирк, ќе те сакам до крајот на животот. Веќе ми недостасуваш. Убаво спиј“, напиша Кетрин на социјалните мрежи покрај нивна заедничка фотографија.

Таа изјави дека двајцата имале убав однос и меѓусебно се почитувале. Заедно се имаат појавено на големи јавни настани, а неретко објавуваат и заеднички фотографии по социјалните мрежи.

Кетрин и оддаде почит на кариерата на Кирк Даглас на доделувањето на Златен глобус 2018 година, кога со него излезе на сцената…

„Мојот свекор, оваа жива холивудска легенда Кирк, во 1991 година беше препознаен од Здружението на писатели во Америка поради неговата улога во затворањето на „холивудската црна листа“, поради која на некои им беше ускратена работата во филмската индустрија“, изјави тогаш Кетрин. Кирк помогна да се укине црната листа на која се наоѓаат претставници од филмската индустрија кои се обвинети за поврзаност со комунизмот.

View this post on Instagram

It is with tremendous sadness that my brothers and I announce that Kirk Douglas left us today at the age of 103. To the world he was a legend, an actor from the golden age of movies who lived well into his golden years, a humanitarian whose commitment to justice and the causes he believed in set a standard for all of us to aspire to. But to me and my brothers Joel and Peter he was simply Dad, to Catherine, a wonderful father-in-law, to his grandchildren and great grandchild their loving grandfather, and to his wife Anne, a wonderful husband. Kirk's life was well lived, and he leaves a legacy in film that will endure for generations to come, and a history as a renowned philanthropist who worked to aid the public and bring peace to the planet. Let me end with the words I told him on his last birthday and which will always remain true. Dad- I love you so much and I am so proud to be your son. #KirkDouglas

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas) on

Дагалас тогаш се заврти скромно кон својата снаа и изјави:

– Се кажа. Би одржал говор, но не сакав се да кажам. Не можам да те следам, изјави легендарниот актер.

инстаграм

Слични објави

Милан Калиниќ донесе одлука по разводот: „За три-четири месеци ќе ја видите мојата…“

Еспресо

(Фото+видео) Милош Биковиќ и Ивана Малиќ уживаат со синот: Малиот Василије воодушевен од магијата на зимата

Еспресо

(Фото) Катарина Грујиќ го слави Свети Јован: Домашна атмосфера во семејната вила, пејачката ја покажа масата

Еспресо

(Видео) Дарко ѝ пееше на уво на свеската! Сестрата на Катарина силно го прегрна, не можеа да ги задржат емоциите

Еспресо

(Фото) Лепа Брена „искешира“ 20.000 евра за одморот на Тајланд! Со Боба уживаат во луксузно одморалиште, еве што им е на располагање

Еспресо

Конан О’Брајан ќе биде водител на 97. доделување Оскари

Еспресо
Се вчитува....