11.8 C
Скопје
13:48 - 20 февруари, 2026

Кејти Холмс прозборе што преживувала по разводот од Том Круз

Кејти Холмс и Том Круз се разведоа во 2012 година, по пет години брак. Уште пред да се дознае дека се разведуваат, низ медиумите се ширеа шпекулации дека Кејти Холмс изгледа несреќна и дека нивниот брак нема да опстане уште долго.

Затоа блиските пријатели на Кејти не биле изненадени со нејзината одлука, бидејќи, како што откриваа тогаш, таа покрај Круз целосно ја изгубила самодовербата и паднала во депресија поради начинот на живот што ѝ бил наметнат.

Во интервјуто за „ИнСтајл“, актерката реши за првпат да прозбори за стресот што го доживеала откако се разведе со Том Круз.

„Тој период беше напнат и интезивен. Сето тоа привлече големо внимание, а имав и мало дете. Многумина кои дотогаш не ги познавав, на крајот ми станаа пријатели и многу ми помогнаа“, рече Кејти.

Актерката се присети и на еден возач на такси, кој многу ѝ помогнал во една од потешките вечери што ги преживеала.

„Беше неверојатен момент и мислев дека се распаѓам. Сури имаше 6 или 7 години и ја носев да спие кај нејзина пријателка. Стигнавме пред зградата, а возачот на таксито ми помогна, ја отвори вратата, ја зеде во раце и ја донесе до зградата за да не се разбуди. Беше неверојатно љубезен“, се присети Холмс.

Mагазинот „НВ“ пишува дека Кејти Холмс западнала во тешки финансиски проблеми. Всушност, медиумот тврди дека актерката е пред банкрот. Кејти остана без финансии и поради тоа неодамна ја продаде луксузната вила во Лос Анџелес за 6 милиони долари, само за да „застане на нозе“.

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova
Се вчитува....