19.8 C
Скопје
15:22 - 13 март, 2026

Кавалџијата Ангеле Димовски добитник на Златна Бубамара за животно дело

Кавалџијата Ангеле Димовски, еден од најпознатите во традицијата на македонската музика, е овогодишен добитник на Златна бубамара за животно дело.

Роден е во 1948 во музичко семејство, во кое се негувало свирењето на кавал, гајда, зурла и тапан.

Повеќе од пет децении Димовски е вклучен во широк опсег на музички активности. 40 години помина во РТС како член на Оркестарот на народни инструменти, а во еден период беше и негов раководител. Има снимено повеќе од 10 илјади минути различен музички материјал. Настапуваше во повеќе европски земји, но и во Австралија, Канада и Јапонија.

Познат по своите изведби на народна музика, Димовски со својот кавал имаше голем придонес и кон статусот на албумот „Свјат Dreams“ на групата МИЗАР, како едно од класичните дела во историјата на современата македонска музика.

Музичката традиција во семејството Димовски продолжува и денес преку семејниот оркестар „Шарен кавал“, во кој учествуваат сопругата, ќерката и двата сина, кои настапуваат и во групата „Синтензис“.

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin
Се вчитува....