7.8 C
Скопје
23:13 - 30 март, 2026

Карлеуша застана во одбрана на фудбалерот на Реал Мадрид, кој заработи кривична пријава за непочитување на пандемијата!

Откако српскиот фудбалер Лука Јовиќ со неодговорното однесување дојде во центарот на вниманието поради кршење на самоизолацијата, поп-ѕвездата Јелена Карлеуша јавно го поддржа на својот профил на Инстаграм.

Нејзината порака ја пренесуваме во целост.

– Каков срамен диригиран медиумски напад на Лука Јовиќ, момче од дваесетина години, споменувајќи ги неговите „милиони“ и ставање мета на чело… Српските таблоиди уште еднаш докажаа дека се поболни од болните и поштетни за Србија отколку кинескиот вирус – напишала Јелена на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Фактите за тоа што направи Лука Јовиќ.

– Јовиќ по прогласувањето на вонредна состојба во Република Србија со својот приватен авион пристигнал во Србија од Мадрид кој спаѓа во високоризичен град поради коронавирусот.

– Ја прекрши обврската да биде во карантин и на тој начин го ризикуваше животот на многу луѓе.

– Лука направи кривично дело, а тоа е непочитување на здраствени прописи за време на епидемија. Според овој закон, прописната казна е паричина или затвор до три години.

– Се правал дека има дозвола од Реал да отпатува во Белград (што не значи и дозвола да го крши карантинот), а потоа ја обвини лекарската комисија дека не ја извршиле работата професионално, а тоа дека не бил известен дека мора да биде во карантин, како личност која доаѓа од едно од најголемите жаришта на овој вирус во светот.

Изјавта на Лука Јовиќ  на Инстаграм

– Прво, многу ми е криво што јас сум главна тема овие овие денови и што во принцип се пишува за мене, а не за главните херои на оваа криз, докторите и медицинските работници. Додека бев во Шпанија, бев негативен на коронвируот и одлучив да допатувам во Србија и да помогнам и да дадам поддршка на нашиот народ и да бидам со своето семејство со согланост на мојот клуб – напиша Лука.

– Кога слетав во Србија, уште еднаш бев тестиран и бев негативен на коронавирусот. Многу ми е криво што некои луѓе непрофесионално ја извршија својата работа и не ми дадоа точна инструкција како треба да се однесувам во самоизолација.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....