7.8 C
Скопје
05:01 - 29 април, 2024

Како Русија од моќен светски лидер прерасна во вазалски партнер на Пекинг?

Кога Мао Це Тунг го посети советскиот диктатор Јосиф Сталин во зимата 1949 година, тој дојде таму како просјак. Сталин го остави да чека со недели во дачата покриена со снег, на 27 километри од Москва, каде понижениот кинески лидер, чекаше да биде примен на разговори.Сталин тогаш го принудил Мао да купи руско оружје со заем за кој Пекинг плаќаше огромна камата.

Седум децении подоцна, дојде до радикално ресетирање кога станува збор за динамиката и односот на силите . Непосредно пред инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин отпатува на Зимските олимписки игри во Пекинг за да го покаже своето „безгранично“ пријателство со Кси Џинпинг

Но овие денови нема сомнеж која од овие две големи држави е вистинската светска суперсила .
Кинеската економија сега вредна 18 трилиони долари и 10 пати помоќна од руската. Пекинг ги поседува речиси сите добри адути во одредувањето на условите за каков било финансиски спас што може да го понуди на својот руски пријател.

Додека Русија се соочува со остар економски пад под санкции и ембарго на нафта, Кина е очигледен потенцијален добротвор на кој Путин може да му се обрати.

Комунистичкиот режим во Пекинг ј го дели непријателството на Путин кон Западот и НАТО, но тоа не значи дека тие ќе му помогнат, пишува бриселски Политико.

Главната стратешка грижа на Кина е просперитетот и безбедноста на Кина, а не спасувањето на Русија. Пекинг веројатно ќе купи барем малку нафта што беше пренасочена од Европа, но само со голем попуст во однос на светските стандарди.
Кина ќе и помогне на Русија само онолку колку што е потребно за да избегне привлекување санкции и загрозување на сопствената продажба на стоки на богатите земји во Северна Америка и ЕУ.

Јавно партнерство
Јавно Кина покажува голема политичка солидарност со Москва. Ја зголеми вкупната трговија со Русија, во суштина ја напушти Украина, ги прошири финансиските трансакции без употреба на долари или евра и ја удвои идната соработка за развој на воена технологија за време на заедничките вежби во регионот на Пацификот.

Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, призна дека Кина е иднината на неговата земја, велејќи: „Сега кога Западот зазеде „диктаторска позиција“, нашите економски врски со Кина ќе растат уште побрзо.

Се чини дека самиот Си е голем обожавател на Путин на лично ниво. Јун Сун, директор на кинеската програма во Центарот Стимсон, ова го нарекува негов „Руски комплекс“. (Од избувнувањето на војната, Кси разговараше само со Путин, но не и со неговиот украински колега, Володимир Зеленски.)

Сепак, постојат многу сериозни ограничувања за овој однос „без ограничување.“ Загрижена за Путин, Кина, исто така, има намера да постави висока цена за својата поддршка, а Пекинг, на пример, сака да ја ограничи руската високопрофитабилна продажба на оружје на Индија, најголемата кинеска непријател преку Хималаите.

„За разлика од моделот на Студената војна, Русија ќе биде помлад партнер на посилна Кина. Тоа ќе го иритира Путин“, рече Метју Крониг, заменик-директор на Центарот за стратегија и безбедност на Скоукрофт на Атлантскиот совет.

Таа улога на подреденоста не е сценариото што го замисли Путин кога решил да ја нападне Украина во февруари, поттикнат од желбата да ја врати поранешната слава на својата нација.
Но, според Политико, тој требало да го предвиди тоа. Кина е земја опседната со корекција на историските понижувања и враќање на својата позиција на глобален лидер. Времето кога Советскиот Сојуз беше идеолошки – и економски – супериорен во однос на комунистичка Кина, одамна помина. Huawei гради руски 5G мрежи, додека Русија има потреба од соработка со Кина во сè, од делови за авиони до размена на валута. Важно е дека не само САД и Европа воведуваат санкции кон Москва, туку и три други големи азиски економии: Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур.

Груби пресметки
Можеби најголемата пресметка на Кина е колку далеку ќе оди за да му помогне на Путин да го надмине ембаргото на ЕУ за руската нафта. Оваа европска забрана ќе направи значителна дупка во рускиот буџет доколку не влезат други големи купувачи. При одлучувањето колку да купи, Пекинг има голема моќ да влијае на Москва.

Русија и Саудиска Арабија се два водечки снабдувачи на нафта за Кина. Во мај, поморскиот увоз на руска сурова нафта во Кина достигна највисоко ниво во последните две години од 1,14 милиони барели дневно, во споредба со 800.000 барели дневно во 2021 година, според аналитичките податоци на „Вортекс“ пренесува Политико.

Сепак, најголемиот дел од објаснувањето за ова е, многу повеќе од покажување политичка солидарност, и тврдоглавата економија на Кинезите. Меѓународните санкции значат дека трговците биле претпазливи кога станува збор за ракување со руската сурова нафта, создавајќи пренатрупаност што ја прави руската нафта за 20 до 30 долари поевтина од меѓународните референтни цени.

Со оглед на тоа што Кина увезува повеќе од 10 милиони барели дневно, сигурно има простор за купување повеќе, особено кога економијата ќе се рестартира и мерките за заклучување постепено се отстрануваат во клучните градови како Шангај.

Но, руската продажба во ЕУ изнесуваше околу 2,4 милиони барели дневно. Со оглед на безбедносната загриженост на Кина за преголемата зависност од поединечни добавувачи, малку е веројатно дека Кина одеднаш ќе почне да го купува целиот вишок на нафта од Русија.

На сличен начин, Кина ги држи картите кога станува збор за гасот. Непосредно пред да ја нападне Украина, Путин потпиша договор со Си Џипинг за да се согласи да го зголеми извозот на природен гас на 48 милијарди кубни метри годишно во иднина, од скромните 4,1 милијарди кубни метри во 2020 година. Русија исто така планира нов гасовод. Моќта на Сибир 2, благодарение на кој извозот на руски гас во Европа полесно би се префрлил во Кина.

Остатокот од текстот можете да го прочитате на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....