14:13 - 1 април, 2026

Како Пеле ја засакал познатата југословенска песна, ама и „полудел“ од ракијата

Пеле се вљубил во познатата југословенска песна, а еве како се случило тоа, според анегдотата која се прераскажува на Балканот.

Денес на ден по заминувањето на фудбалската легенда Пеле, различни анегдоти се раскажуваат поврзани со неговиот бурен живот како од филм.

Така Јадранко Топиќ, поранешен хрватски фудбалер, откри интересна приказна од периодот кога играл со Пеле во Њујорк Космос.

– Пеле ги полуде масите, на секој натпревар имаше по 45.000 навивачи. Космос, и јас со него, беше иницијаторот на фудбалскиот бум во САД кој продолжува и денес. Еднаш стоевме во темница во тунел.

А тој, алудирајќи на бојата на својата кожа, одеднаш рече: „Па каде е Пеле? Не можам да го видам во темницава!“ – изјави Топиќ за „Вечерњи лист“ во 2016 година.

Во Космос тогаш настапувал и Вито Димитријевиќ од Сурдулица, поранешен играч на Раднички од Ниш.

– Имаше глас кој беше прекрасен. Јас му ја „држев“ мелодијата, а тој ќе пееше како славеј. И така еднаш во клупскиот автобус двајцата почнавме да потпевнуваме на песната „Скалинада“. Набрзо ни се придружи Пеле, почна да чука со рацете во ритам на нашето пеење. И наскоро целиот тим почна да потпевнува во ритам.

Од тој момент „Скалинада“ станала химна на Космосот. Според зборовите на Топиќ, се пеела во соблекувалната, во автобус, но се пуштала и на звучници на стадионот. На крајот Пеле ја научил песната напамет, и ја потпевнувал.

Пеле никогаш не пиел и не пушел, а се уште раскажува кога тајно му ставиле ракија.

– Еднаш, измамувајќи го дека е коктел, му ставив од нашата ракија, а тој за малку ќе полудеше! Дружењето со луѓе не му претставуваше проблем. Тој не беше вообразен како некои од денешните ѕвезди, туку остана скромен и едноставен. А тоа, верувајте, не беше лесно затоа што беше популарен како да е месија или, во најмала рака, папа – изјави Топиќ за „Дневно.хр“.

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....