1.8 C
Скопје
05:56 - 5 октомври, 2026

Мишел Обама ги открива брачните тајни: Десет години го мразев Барак, а децата ми беа мали терористи

Мишел Обама во новата книга отворено зборува за проблемите во бракот.

Промовирајќи ја новата книга насловена „The Light We Carry“ поранешната прва дама на САД отворено зборува за проблемите кои ги имала во бракот и за тоа кој е виновен.

– Не можев да го поднесам мојот сопруг, а моите деца беа вистински мали терористи, вака Мишел Обама, поранешната прва дама на Америка, накратко ја опиша раната фаза од нејзиниот брак. Сосема необично за жена која отсекогаш покажувала љубов и поддршка за својот сопруг Барак Обама во јавноста.

– Луѓето мислат дека сум премногу зборлеста, но јас навистина не можев да го поднесам мојот сопруг десет години. Знаете кога, кога децата беа мали. Градевме кариери, дојде училиште, обврски, грижи… Бракот никогаш не е пола-пола. Некогаш на мене паѓаше повеќе работа, некогаш на него. Мораше тоа да се издржи. А сите мали деца се терористи, само бараат, не знаат да се изразат, не комуницираат, само плачат… Нерационални се, секогаш имаат потреба од нешто. Но, вие ги сакате и не можете да ги обвините за тоа. Затоа гневот го насочувате кон вашиот сопружник. Во брак сме 30 години, од кои десет беа тешки. И денес младите по пет години се откажуваат од брак. Бидејќи е најлесно да се откажете, – Мишел Обама отворено проговори за својата интимност, а причината е да ја промовира својата нова книга „Светлината што ја носиме“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

Како што потврди, секогаш го почитувала својот сопруг и покрај нивните меѓусебни разлики. Поради неговата кариера, таа ја оставила својата, која внимателно ја градела заедно со семејната. Рече и дека имала особено тежок период кога се преселиле во Белата куќа.

Нивните ќерки Малија и Саша тогаш имале седум и десет години и било потребно да ги координира училишните обврски, новата средина и сосема новите животни околности. Сето тоа Мишел Обама успеала да го направи со насмевка на лицето, особено кога врската со нејзиниот сопруг запловила во помирни води. Поранешната прва дама се пошегува и дека влегла во врска со Обама затоа што тој е од Хаваи.

– Живеев во Чикаго каде што зимите се навистина сурови и никогаш не бев на Хаваи. Кога почнавме да се забавувавме, тој ми понуди да го поминам Божиќ со неговото семејство на Хаваи и јас, како тоа да не го прифатам. Кога ми се додворуваше, си помислив: ‘„Да, ти си некако сладок, твоите уши се малку големи… А од каде си? Од Хаваи! Мислам дека те сакам“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....