09:29 - 15 април, 2026

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Поминаа 18 години од смртта на легендарниот Борис Дворник. Почина од последици на срцев удар на 68-годишна возраст, а во текот на поголемиот дел од животот најголема поддршка му беше неговата сопруга, шест години помладата Дијана Дворник.

Се запознале кога таа имала само 16 години, а Борис се заљубил на прв поглед и со денови ѝ пеел серенади под прозорецот. Се венчале во 1962 година, кога Дијана станала полнолетна, и оттогаш биле нераздвојни. Набргу по свадбата го добиле синот Деан, а година и пол подоцна им се родил и Дино.

Тажната 2008 година, Дијана останала без сопругот и без синот Дино, кој починал шест месеци по својот татко. Еднаш раскажала како се справувала со трагичните загуби.

„Ниту кога умре Борис, ниту кога умре Дино не пуштив солза. Ниту една солза. Ни денес не плачам. Никогаш не плачам“, изјавила Дијана за „24 часа“, истакнувајќи дека им завидува на луѓето што можат да плачат, бидејќи таа сè држи во себе.

Тогаш открила и дека Борис ја освоил со мала измама.

Имено, негов главен адут била русата коса, за која подоцна се покажало дека не била природна, туку ја бојадисал за филм. Таа му рекла: „Ајде бе, ме излажa“, но веќе било предоцна – се заљубила, а останатото е историја, пишува Стори.хр.

Слични објави

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova

„Тома ги сакаше коцката и алкохолот, а не Силвана“ – Познатиот хармоникаш ги сруши митовите за нивната љубов

Е.А.

Кија Коцкар мета на измамници – за малку ќе ѝ украдеа повеќе од 1.000 евра

Е.А.

Катерина Живковиќ покажа дел од својот луксузен дом: Една просторија посебно го привлече вниманието

Е.А.

Соседите го „одврзаа јазикот“ за Хари Мата Хари: „Тој е подобар пејач отколку маж, ја изневеруваше сопругата со години“

Еспресо
Се вчитува....