11:04 - 5 декември, 2025

Каде летуваат кралските семејства?

Членовите на кралските семејства живеат во замоци, опкружени со луксуз и изобилство. Но, имаат и протоколарни обврски кои им одземаат многу време, па затоа и ним им треба одмор, како и на сите други луѓе. За разлика од „обичните“ граѓани, тие летуваат на посебни, ексклузивни локации.

Холандско кралско семејство

Секоја година холандското кралско семејство се релаксира во Грција. Од 2012 година, кралот Вилем-Александар (54) и кралицата Максима (50) се горди сопственици на вила вредна 4,5 милиони во Грција, поточно на полуостровот Пелопонез на југот на континентална Грција. Во мирното село Доруфи, кралското семејство навистина може да се опушти со ќерките Амалија (18), Алексија (17) и Аријана (15).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Máxima (@queen.maxima)

Кралски „летниковец“
Британската кралица Елизабета Втора ги поминува август и септември во семејниот „летниковец“ во Шкотска. Станува збор за замокот Балморал во Ројал Дисајд во Абердиншир, кој е изграден во средината на 19 век за кралицата Викторија. Имотот опфаќа 20 илјади хектари најразновидна вегетација, езеро и шуми и е составен дел од природниот резерват.

Лето на север
Членовите на шведското кралско семејство летуваат во Скандинавија и на социјалните мрежи покажаа колку е убаво на север во лето.

Принцот Карл Филип и принцезата Софија на својот официјален инстаграм-профил објавија семејна фотографија со своите деца.

-Нашето семејство на сите ви посакува прекрасно лето, напишаа во описот на новата семејна фотографија на која кралскиот пар позира со трите сина, принцот Габриел, принцот Јулијан и принцот Александар, на цветна ливада.

Вила со поглед на море

Шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција традиционално секоја година со своите ќерки ја посетуваат палатата Маривент во Палма де Мајорка. На најголемиот шпански остров во Средоземното Море, семејството ужива во класичните летни активности, а кралот особено сака едрење. Минатата година беше виден како управува со бродот „Аифос“ на шпанската морнарица.

инстаграм

Вински регион
За разлика од многу кралски семејства кои летуваат на територијата на сопствената земја, данската кралица Маргарета Втора и другите членови на семејството обично се упатуваат во нивниот замок во Југозападна Франција. Chateau de Cayx се наоѓа во познат вински регион, а кралицата се шета по локалните пазари без преголемо обезбедување. Принцезата Марија, пак, понекогаш знае да ја избере сончевата Мајорка за својот летен одмор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ! IG ⊕ OCCITÀNIA (@ig_occitania)

Медитеран

Кралот Абдула и кралицата Ранија од Јордан немаат постојана летна резиденција. Со своите четири деца најчесто на приватна јахта ги посетуваат медитеранските земји како Италија и Франција, а особено ја сакаат Сардинија. Јахтата е опремена со сите потребни детали, вклучувајќи џакузи, теретана, а може да прими 30 патници и исто толку персонал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Слични објави

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin
Се вчитува....