04:26 - 10 јануари, 2026

Јелена Карлеуша повторно во улога на жири, но овој пат како претседателка! Еве каква ќе биде нејзината задача

Модната икона и музичка ѕвезда Јелена Карлеуша, која во светот е препознаена како една од најстилските жени која инспирира дури и познати личности во Холивуд, неодамна засени многу манекенки на Модната недела во Париз, каде што и самата се појави во улога на модел, а сега за првпат ќе биде во нова улога, објави српски „Курир“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)


Имено, бидејќи оваа година за првпат во жирито на изборот за Мис на Србија членуваат и жени, претседател на годинашното жири на изборот за Мис на Србија ќе биде српската поп дива Јелена Карлеуша.

Изборот за Мис Србија ќе се одржи на гламурозен настан на 19 јуни на Плоштадот на Републиката. Покрај убавите кандидатки кои ќе се борат за титулата најубава Србинка, во првите редови ќе се најдат и бројни познати личности, пејачи, актери, спортисти и инфлуенсери, а компанијата „Мис Ју“ создала одлична програма за сите посетители, медиуми и гледачи.

Погледнете како Јелена Карлеуша изгледаше на Модната недела во Париз:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....