9.8 C
Скопје
23:40 - 27 октомври, 2026

Победничката на „Ѕвездите на Гранд“: Победија вистинските вредности!

Шејла Зониќ синоќа триумфираше во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а ден по шоуто во кое победи се огласи на мрежите.

Впрочем, во текот на целиот ден таа добива заслужени честитки од бројни фанови и колеги, поради што решила јавно да им се обрати на сите на својот инстаграм-профил.

„Ви благодарам драги мои“, ја започна својата објава со емотикон на љубов и продолжи: „Ви благодарам на сите од  срце што гласавте и го земавте овој трофеј заедно со мене. Љубовта и вистинските вредности победија синоќа и за тоа вреди да се живее“.

Во интервјуто што го даде за „Гранд“, веднаш по триумфот, таа призна дека има големи планови и со насмевка истакна: „Враќање нема, сега само одиме напред и силно. Ќе продолжам да снимам мои песни и спотови, да ја градам мојата кариера. Ова беше дефинитивно отскочна даска, отскочна даска за моето патување во нешто многу поголемо“.

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....