-6.2 C
Скопје
07:54 - 22 февруари, 2025

Јелена Ѓоковиќ добила „ладен туш“ од Викторија Бекам: Биле заедно на вечера, морала да ѝ го постави ова прашање

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, имала можност да помине време со многу познати личности, меѓу кои и со модната дизајнерка Викторија и славниот фудбалер Дејвид Бекам.

Јелена во еден период се соочувала со анксиозност, бидејќи не можела да сфати како да ги заштити синот Стефан и ќерката Тара од притисокот на јавноста. Јелена побарала помош од Викторија Бекам, чијшто цел живот е под острото око на медиумите.

Сепак, одговорот на познатиот фудбалер и на славната дизајнерка лесно може да се доживее како „ладен туш“.

– Трагам по одговор, немам кого да прашам во нашата средина кој има слично искуство. Случајно, пред можеби шест години, бевме на вечера со Дејвид и Викторија Бекам и јас дојдов со прашањето: „Како се справувате со оваа слава и овој живот? Имате четири деца.“ Јас тогаш бев и многу анксиозна, со оваа потреба да ги заштитам. Дејвид и Викторија тоа само го прифатиле, рекоа: „Па добро, мораш тоа да го сфатиш како реалност“ – раскажала Јелена во емисијата „Кец на единаесет“.

Како што открила Јелена, на почетокот ѝ било тешко да прифати, но со годините многу полесно се справува со тоа.

– Некои луѓе се прилагодуваат на тоа. Забележав дека и тие поминале низ тие анксиозни моменти, па мислам дека тоа е природно за секој родител, без разлика дали татко му е позната личност или не. Родителите сакаат да го заштитат своето дете од сè, а некои работи можеме да ги спречиме, а некои, за жал, не можеме. И јас сум во секојдневно прифаќање на ситуациите што ми ги наметнува оваа улога. Некои многу потешко ги прифаќам од другите и често се чувствувам како да сум ги изневерила моите деца, со тоа што сум ги изложила на толку многу луѓе кои ги фотографираат, кои ги проценуваат. Кај нас не може да помине ниту родендени, ниту прослави, ниту крштевки, ниту што било, а некој да не го сними – заклучила Јелена.

Слични објави

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Еспресо

Мајката на Дарко Лазиќ измамена! Се огласи жената на нејзиниот партнер Драган

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи драстична промена, луѓето не можат да престанат да зборуваат за тоа

Еспресо

Објавено видео од Милица Павловиќ по скандалот со Карлеуша! Таа ѝ зададе уште еден удар

Еспресо
Се вчитува....