9.8 C
Скопје
10:23 - 11 март, 2026

„Јас сум многу нежен со моите деца“: Дејвид Бекам објасни зошто ја бакнува ќерка си во уста

Англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам често е мета на критичарите откако на социјалните мрежи се појавија фотки на кои може да се види како во уста ја бакнува својата ќерка Харпер.

Откако неговите следбеници го критикувале за овој чин, тој се огласил:

– Јас сум многу нежен со моите деца. Вака јас и Викторија ги воспитуваме сите наши деца. Сакаме да им покажеме колку ги сакаме. Ме критикуваат што ја бакнувам ќерка ми во уста. Ги бакнувам сите мои деца во уста. Бруклин можеби не, тој има 24 години и мислам дека би било чудно за него, изјавил фудбалерот.

Дејвид Бекам имал 23 години кога го добил својот прв син и покрај неговата кариера, децата и семејството секогаш му биле на прво место. Фудбалерот секогаш се трудел да има време за нив.


– Мислам дека со децата побрзо созреваш. Животот се врти околу децата. Мислам дека учиш дека како татко – стануваш помалку важен, а сè се врти околу твоите деца, објаснува тој.

Според Бекам, ниту едно од неговите четири деца не изразило желба да оди по неговите стапки и тој целосно го поддржува нивниот избор.

– Ниту едно од моите деца не сака да биде фудбалер во моментов. Тоа е во ред, не сакам никого да присилувам на ништо. Важно е да им покажеме на децата љубов, поддршка, охрабрување. Секогаш сме ги поддржувале нашите деца во сè што сакаат “, тврди тој.

Сепак, психолозите предупредуваат дека бакнувањето на детето во усните може да ги збуни децата, па дури и да ги поттикне да се однесуваат слично со другите возрасни.

 

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....