13:44 - 2 април, 2026

„Изгледа како да е под дејство на наркотици” – Познатиот рапер едвај го држел микрофонот, се тркалал по сцената (ФОТО+ВИДЕО)

24-годишниот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун, ги загрижи своите фанови со чудното однесување на последниот во низата концерти, кој го одржал во петокот.

Фановите го снимале Малоун во текот на последните концерти од неговата турнеја „Runaway” и ги споделиле снимките на социјалните мрежи. Музичарот се тетеравел на сцената со збунет израз на лицето, а на еден од настапите паднал на подот и не успеал да стане, по што останал долу на „сите четири”.

„Пост Малоун се однесува чудно на сцената веќе неколку недели”, „Не се обидувам ништо да претпоставам, но тој изгледа како да е под дејство на наркотици”, „Изгубивме премногу уметници поради предозирање, се надевам ќе биде во ред”, пишувале загрижените фанови на социјалните мрежи.

Откако интернетот го преплавиле коментари дека однесувањето на раперот е последица на користење дрога, се огласил и тој самиот:

„Не се дрогирам, се чувствувам подобро отколку било кога во животот”, кратко кажал Пост Малоун на еден настап.

Малоун никогаш не ја криел својата страст кон марихуаната – кон почетокот на летото минатата година започна и свој бизнис со продажба на производи со споменатиот опијат.

Меѓутоа, кон почетокот на март оваа година раперот изјави за магазинот „GQ” дека повеќе нема проблем со користење марихуана како и дека моментално не консумира ништо посилно од алкохол.

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....