-2.2 C
Скопје
08:19 - 22 декември, 2024

Исповед на Ава Карабатиќ за алкохолизмот: „Секој ден се опивав, не ми беше гајле за животот“

Со оглед на тоа што долго време се пишуваше дека хрватската старлета и убавица Ава Карабатиќ поради проблеми со алкохолот завршила на психијатрија, таа за прв пат проговори на оваа тема, откривајќи дека почнала да се опива поради психичкото малтретирање кое го доживувала, пишуваат хрватските медиуми.

Таа вели дека тешко се справувала со коментарите од околината дека се занимава со најстариот занает, иако јасно зборувала дека има профил на Onlyfans, но дека тоа не е исто како да снима филмови за возрасни.

– Тешко ме погоди кога ги видов насловите и написите дека сум завршила на психијатрија. Сепак, вистината е поинаква, јас не поминав ни ден таму. Точно е дека имам проблем со алкохолот, но не сум добила никаков третман. Решив да си помогнам и тоа го правам со тоа што целосно се изолирам од се и секого. Времето го поминувам во Сплит, никаде не излегувам, а кога излегувам од дома гледам дека луѓето се многу непријателски расположени кон мене. Сите ме осудуваат, а главната каписла да почнам да пијам ми беа ситуациите поврзани со порно скандали кои ми беа наместени – почнува и продолжува Ава:

– Точно е дека имав профил на Onlyfans, но не очекував дека мојата содржина ќе биде злоупотребена до толкава мера. Луѓето правеа монтажи со моето лице, на крајот тоа толку многу зеде замав што луѓето на улица ме гледаа со презир. Сето тоа ми беше тешко и, да бидам искрена, не сакав да живеам поради тоа! Почна проблемот со алкохолот, не бев ни свесна дека не го решавам проблемот, само тонев подлабоко во бездната. Со овој проблем се борам повеќе од година и пол и се надевам дека ќе излезам од него – искрена  Ава.

– Да бев на било која клиника, немаше да кријам и немаше да се срамам да признаам. Вербалната злоупотреба што ја доживеав од разни луѓе ме донесе до овде. Сега замислете колку е тешко за девојките помлади од мене и за тинејџерките кои сè уште не се развиле како личности? Замислете до што може да доведе сето тоа. Јас сум јавна личност и разбирам дека луѓето секогаш ќе ме коментираат, но тоа што го доживеав многу ме погоди. Едноставно, алкохолот беше моето бегство од реалноста. Сè ми се собра, цел Сплит ме гледа како некоја лесна девојка, а јас сигурно не сум тоа. Тоа многу ме погодува. Едно е соблекувањето за да заработам пари, друго е правењето гнасни фотомонтажи со мојот имиџ кои најмногу ме деградираше како жена. Долго време молчам за сето ова, но решив да проговорам за доброто на сите луѓе кои имаат сличен проблем како мене. Заради сите оние кои се жртви на насилство или моментално го доживуваат – вели таа.

инстаграм

Старлетата откри дека во решавањето на проблемите најмногу ѝ помагаат најблиските.

– Она што сега ми помага се разговорите. Најмногу со татко ми и со добри луѓе. Од бегање нема ништо, бидејќи се чувствувам како да сум во депресија. Таа сега е со мене, а вистинската работа и различната средина би ме извлекле од неволја. За мене е многу тешко и, колку што можам да видам, ова е битка која ќе продолжи. Има луѓе во шоубизнисот кои имаат многу поголеми пороци, па не прават ништо околу тоа. Свесна сум за мојот проблем и верувам дека од сето ова ќе излезам како победник. Не барам некој да обвинам. Сама влегов во проблемот и свесна сум дека морам сама да се изборам.

Ава тврди дека многу луѓе кои ги сметала за пријатели ја изневериле откако таа е во неволја.

– Многу луѓе ми свртеа грб. Видов дека немам толку многу пријатели колку што мислев дека имам во моментот кога видов дека ми треба помош за да се ослободам од алкохолот. Не ми е жал што изгубив некои луѓе бидејќи вистинските останаа со мене – признава старлетата.

 

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....