17.8 C
Скопје
16:54 - 20 април, 2024

Интервју со д-р. Едип Беќироски: Вирусот „кракен“ колку повеќе се шири толку повеќе има можности за мутации

Иако првичните информации укажуваат дека новиот сој на ковид-19 наречен „кракен“ предизвикува блага клиничка слика, сепак брзината на ширење на оваа подваријанта е загрижувачка, вели д-р Беќироски, специјализант по интерна медицина.

Минатата година ја завршивме, а новата ја почнавме во ек на вирусните инфекции. Еднакво, меѓу граѓаните расте и загриженоста за ширењето на новата мутација на ковид-19 наречена „кракен“. Според резултатите од анкетата на „Слободен печат“, 49,54 отсто од граѓаните се изјасниле со „да“, а 50,46 % со „не“ во однос на загриженоста.

На тема вирусни инфекции, нови мутации на ковид-19, како да ги препознаеме симптомите, како да се заштитиме од вирусните заболувања во зимскиот период и кога треба навистина да посетиме лекар, разговараме со д-р Едип Беќироски, специјализант по интерна медицина, кој во моментов е еден од најангажираните доктори „на терен“ во давање помош на заболените.

– Лекарските ординации се полни со пациенти што кашлаат, киваат и лошо се чувствуваат по новогодишните празници. Според податоците на Институтот за јавно здравје, оваа година околу 300 луѓе имале различни болести на дишните патишта. Не е невообичаено бројот на инфекции во зимските месеци да расте, но годинава бројката е екстремно висока и го доведува медицинскиот кадар на границата на неговите можности. Бројот на заболени драстично расте во најкраток рок – ни објаснува д-р Беќироски на почетокот на разговорот.

Не е невообичаено бројот на вирусни инфекции во зимските месеци да расте, но годинава бројката е екстремно висока и го доведува медицинскиот кадар на границата на неговите можности. Бројот на заболени драстично расте во најкраток рок.

Кои вируси се моментално најприсутни и како да се заштитиме?

– Познати се вкупно околу 200 различни причинители за настинки. Четири од нив, истакнува ИЈЗ (Институт за јавно здравје), во моментов се посебно раширени низ нашата земја и низ Европа: вируси на грип, риновируси, САРС-Ков-2  и респираторниот синцитијален вирус (РСВ), кој пред сѐ е опасен за новородените и малите деца.

Почетокот на болеста е многу брз, се карактеризира со висока температура, честа и континуирана главоболка, силна мускулна болка, со акцент на замор и исцрпеност, сува кашлица, затнат нос со можност за појава и на секрет.

Со цел да се заштитиме од зимските вируси, се предлага секојдневен витамински внес, засилена исхрана базирана на протеини, минерали и течности, воедно спроведување заштитни мерки за хигиена, редовно миење на рацете, проветрување простории, избегнување затворени простори со многу луѓе, а исто така потребно е да се носат заштитни маски особено кога воздухот е загаден.

Светската здравствена организација неодамна ја објави загриженоста за сè побрзото ширење на вирусот ,,кракен“ – подваријанта на омикронскиот сој на коронавирусот (XBB. 1.5.) Постои ли реална основа за загриженост дека вирусот е веќе присутен во Македонија?

– Според СЗО, се верува дека ова е најзаразната подваријанта на ковидот. Иако првичните информации укажуваат дека овој сој предизвикува блага клиничка слика, сепак брзината на ширење на оваа подваријанта е загрижувачка. Сојот „кракен“ е значително заразен вид, со тоа што вирусот колку повеќе се шири толку повеќе има можности за мутации. Од друга страна, според изјавата на д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“.

Кои се главни симптоми на вирусот „кракен“ и во што се разликуваат од оние на првата верзија на „омикрон“?

– Вирусот ,,кракен“ ги избегнува постојните антитела во телото, кои се стекнати како резултат на претходни инфекции со коронавирусот. Првичните информации укажуваат дека овој сој предизвикува блага клиничка слика, како и „омикрон“, а се карактеризира со симптоми какви што се кивавица, главоболка, замор, зголемен секрет, болки во коските и слабост. Исто така, се верува дека XBB. 1,5 е 96 проценти позаразен од „омикрон“ – варијантата на вирусот што го парализираше светот минатата година. Очигледно е дека вирусот ,,кракен“ може да го предизвика истото, земајќи предвид дека во моментов не постои вакцина или одреден лек што директно би ја спречил инфекцијата.

Искуството со ,,новото нормално“ време, кое го живееме во постковид периодот, сепак предизвикува страв кај граѓаните од нови пандемии, па затоа веднаш се обраќаат за лекарска помош дури и кога станува збор само за симптоми на класичен грип. Кога треба навистина да се обратиме на лекар?

– Кога ќе се појави некој од симптомите, кои не престануваат по една недела, неопходно е да се посети лекар. Со цел да се потврди дијагнозата, лекарот ќе побара дополнителни тестови, со тоа што ќе се добие појасна слика за понатамошна терапија на пациентот.

Покажавте успешност и во естетски третмани на лице. Кои услуги за разубавување најмногу се барани денес кај жените во Македонија?

– Во Македонија се користат различни тераписки модалитети за да ја подобрат структурата на кожата, со цел да изгледа понегувана и поздрава. Најбарани услуги се дермалните филери и ботоксот. Филерот е идеален начин за да се обнови изгубениот волумен на лицето и да се постигне природниот колаген што ќе ги измазни знаците на стареење. Воедно, филерот создава нов колаген што резултира со зголемен обем, кој може да трае од шест месеци до една година. Резултатите се веднаш видливи со тоа што лицето добива природна контура.

Покрај дермалните филери, исто така и ботоксот е доста баран третман. Тоа е нехируршки третман што може привремено да ги редуцира средно тешките и тешките облици на брчки во лицето. Истовремено, ботоксот се употребува и при хиперхидроза, односно прекумерно потење. Ботулинскиот токсин го блокира нервниот импулс што доведува до контракција на мускулите, што, пак, доведува до негова релаксација, а кожата има посвеж изглед и ефект на затегнатост.

 

Слични објави

(Фото) Вака пред смртта Бојана Јанковиќ зборувала за поранешниот сопруг: Мојата крв…

Еспресо

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо
Се вчитува....