13:22 - 2 април, 2026

ИМАГИНАТИВЕН ВЕЛИГДЕН: Од скршените велигденски јајца направете преслатки мезиња

Ви се скршиле јајцата при варењето, бојадисувањето или што со јајцата по велигденскиот ритуал на кршење јајца?

Со малку фантазија од јајцата кои се скршиле може да направите интересни пиленца, зајчиња, бубамари…

Велигденски пилиња

За слатки велигденски пилиња потребно ви е: варени јајца, мајонез, морков, неколку маслинки и листови од зелена салата за декорација.

Сварените јајца, чија луспа напукнала при варењето, или пак, веќе сте ги искористиле за ритуалот со кршење јајца, излупете ги. Потоа, пресечети го горниот дел (врвот) за да изгледа како капа, внимателно без да допрете до жолчката на јајцето. Отстранете ги белите „капчиња“ од јајцата, и со помош на шприц за готвење ставете малку мајонез врз останатиот дел од јајцето. Мајонезот ќе ја претставува главата на пиленцата. Исечкајте ги маслинките, отстранете ја од нив семката, и направете им очиња на пиленцата. Морковот сварете го и потоа иситнете го на парченца во форма на тријаголник – тоа ќе бидат клунчињата на пиленцата, и само забодете ги во мајонезот. Вратете им ги на пиленцата „белите капчиња“ и тие ќе заличат како тукушто да се испилиле. Наредете ги пиленцата во сад украсен со листови од зелена салата или рукола.

инстаграм

Зајчиња

Од неколку јајца, претходно сварени, може да направите и зајчиња. Со помош на чепкалки (скршени на мали парчиња), црни маслинки и моркови, декорирајте ги белите јајца – направете им очи, уши и мустачиња.

Лалиња

Постапката е многу едноставна, а потребни ви се само варени јајца и млад кромид. Исечето го врвот на јајцето во цик-цак форма, оставајќи да се надѕира жолчката како да е пупка на цветот. Потоа, на долниот дел од јајцето додадете ги зелените листови на кромидот.

инстаграм

Бубамари

Весели бубамари лесно ќе направите на тој начин што јајцето ќе го пресечете на половина, а врз него – врз жолчката ќе ставите ливче од босилек, рукола или нане. Врз ливчето – на половина пресечено чери доматче кое ќе го украсите со дамки со помош на ситно сечкани маслинки.

инстаграм

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....