14:15 - 3 април, 2026

Идната водителка на Евровизија под голем притисок призна дека е трансродова личност! (ФОТО)

Една од најпознатите јутјуберки на светот, холандската шминкерка и интернет ѕвезда Ники де Џегер, која на Јутјуб е позната под името „NikkieTutorials“, ќе биде една од овогодинешните водителки на Евровизијата која ќе се одржи во Ротердам.

Планирано е Ники да известува за Евровизија преку интернет, а ќе сними и посебна јутјуб-серија во бекстејџот, која ќе биде прикажана во живо за време на двете полуфиналиња и главната финална вечер.

Имињата на останатите водители уште не се познати.

Неодамна Ники, под голем притисок од други лица кои ѝ се заканувале дека ќе ја разоткријат, мораше да признае дека е трансродова личност. 

„Ја презедов контролата врз ситуацијата и самата ја објавив тајната. Секако ќе ви откриев, но чекав да бидам подготвена за тоа. Овој притисок ме фати неподготвена, но морав да побрзам“, објасни Ники.

Целиот процес со промената на полот Ники го завршила на 19 години, а токму поради тоа што хормонската терапија ја почнала рано, нејзината промена денеска е речиси незабележителна, а јавноста остана изненадена по ова нејзино признание.

View this post on Instagram

the D on my necklace is for ___ ✨ comment down below! ?

A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials) on

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....