7.8 C
Скопје
23:13 - 1 април, 2026

ИДЕЈА ЗА ЗДРАВ И БРЗ РУЧЕК: Теа ни носи рецепт за превкусно пилешко на кинески начин

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа со сите вас споделува одлична идеја за здрав ручек.

– Секогаш кога сакам брз и здрав ручек со многу зеленчук го правам ова превкусно пилешко на кинески начин – ни рече Теа и додава дека  многу брзо и лесно се подготвува.

Потребни состојки:

▪️400 гр. пилешко филе
▪️1 кромид
▪️1 тиквичка
▪️2 моркови
▪️1 пиперка
▪️1 модар домат
▪️масло за јадење
▪️сол и бибер
▪️соја сос
▪️ворчестер сос
▪️сусам
фото-приватна архива

Начин на подготовка:

Пилешкото филе исецкајте го на поголеми коцки и ставете го да се пржи во вог или подлабока нелеплива тава. Додека се пржи пилешкото исецкајте ги морковите, тиквичката и кромодот на ленти, модриот домат на коцки и пиперката на кругчиња. Во пилешкото прво додадете ги морковите и пржете ги 1-2 минути, па додадете ги тиквичката и кромидот. Пржете уште 1-2 минути и потоа додадете ги пиперката и модриот домат. Додадете по 1 лажица од соја сосот и ворчестер сосот, посолете, наросете мелен црн бибер и убаво измешајте.
Сервирајте го во чинија и уживајте!
На здравје!

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....