3.8 C
Скопје
22:50 - 20 декември, 2024

Хуманоста во прв план: Иако имаат милиони, овие ѕвезди обожаваат да им помагаат на другите

Бројни славни личности живеат лагодно и заработуваат милиони, а додека има такви кои најмногу трошат на скапи вили и автомобили, овде се и оние кои сакаат да им помогнат на тие што немаат. 

Порталот „Bright Side“ направи листа од мегапопуларни ѕвезди кои одделуваат најмногу средства во хуманитарни организации, на тој начин помагајќи им на најзагрозените.

Во продолжение прочитајте за некои од нив: 

Кијану Ривс

Актерот Кијану Ривс уште во 2003 година рече дека има доволно пари за да живее комфорно во наредните неколку векови. Ривс е познат како голем хуманитарец, а откако го снимаше филмот „Матрикс“, тој им даде милиони од својата заработка на членовите на тимот, кои беа задолжени за костимите и специјалните ефекти во ова феноменално остварување. 

Кијан Ривс е основач и на приватна фондација која донира милиони долари за истражувачка работа за детски болници.

Леонардо Дикаприо

Фондацијата на Леонардо Дикаприо е основана во 1998 година, а досега има дадено повеќе од 80 милиони долари за над 20 проекти за заштита на животната средина. 

Profimedia

Дикаприо најмногу работи преку партнерства со локални проекти ширум светот, како и со светски познати меѓународни организации. 

Амал и Џорџ Клуни

Амал и Џорџ Клуни заедно ја основаа „Фондацијата за правда Клуни“. Во рамките на оваа фондација, постојат две програми кои откриваат корупција поврзана со кршење на човековите права.

Фото: Инстаграм

Нивната цел е да ги претставуваат човековите права ширум светот.

Фондацијата им дава пари на бегалците, обесправените и маргинализираните заедници, со цел да им помогнат да си го вратат својот живот во нормала.

Ангелина Џоли

Актерката стана свесна за потребата од хуманитарна работа по снимањето на филмот „Tomb Ryder“ во Камбоџа.

Од 2001 година, славната актерка има мисии низ целиот свет, се среќава со загрозени категории на лица и им помага на бегалците во повеќе од 20 земји. Во 2003 година, Анџелина ја основаше организацијата наречена „Фондација Медокс Џоли Пит“.

Џеки Чен

Овој актер поддржува организации како што се УНИЦЕФ и „Операцијата насмевка“. Овие организации им помагаат на децата ширум светот. Покрај тоа, тој е основач и на две фондации од 1988 и 2004 година.

Фото: Инстаграм

Една од овие фондации обезбедува стипендии и им помага на младите во Хонг Конг. Покрај тоа, таа нуди медицинска помош и помош на жртвите од природни катастрофи. 

Неговата втора организација им помага на децата и постарите кои живеат во оддалечените делови на Кина.

Организацијата изградила неколку училишта, а истовремено инвестирала и еден милион американски долари за обезбедување на образование на сиромашните.

Мет Дејмон

Познатиот актер во 2006 година ја лансираше организацијата Х20 Африка, која има за цел да ја подигне свеста за чиста вода во Африка.

Фото: Профимедиа

Покрај бројните донации, Мет Дејмон исто така го поддржува и проектот „One“, кој е посветен на прекинување на екстремната сиромаштија и спречување на болести во земјите во развој.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....