9.8 C
Скопје
19:49 - 4 февруари, 2026

Хороскоп за 4 април: Бикови, освојувате од старт, Овните имаат сè, освен љубов!

Овен

Работа: Во нов деловен проект влегувате храбро и без премногу размислување. Вашиот силен индивидуализам не трпи соработници, но овој пат нема да можете ништо да направите сами.

Љубов: Вие сте сами, пред сè, а тоа се гледа по вашето себично однесување. Се чувствувате семоќни и непобедливи. Имате сè, освен љубов.

Здравје. Ви претстои опасност од преценување на сопствената сила. Преголемото его е вашиот главен внатрешен непријател. Заборавате дека скромноста е доблест.

Бик

Работа: Ненадејно и непромислено влеговте во нов деловен проект, а ситуацијата сега станува сè покомплицирана. Намалете ги трошоците. Добро би ви дошла штедливост.

Љубов: Освојувате на самиот старт. Убедени сте во сопствениот шарм. Сега сте во полн љубовен цут и сè ви е убаво. Внимавајте да не се занесете премногу.

Здравје: Склони сте кон хедонизам, особено на нутриционистички хедонизам. Ги таложите вишокот килограми. Го изгубивте чувството за самоконтрола.

Близнаци

Работа: Вашата движечка сила доаѓа до израз. Вие не сте трпеливи. Сакате да ги постигнете најдобрите деловни резултати што е можно поскоро. Вашето најдобро време допрва доаѓа.

Љубов: Некој од кругот на пријатели ви станува многу интересен и на љубовен план. Можеби денеска ќе преземете важен чекор.

Здравје: Здравјето ви се подобрува. Ако имате одредени здравствени проблеми, сè може да исчезне преку ноќ. Имате верба во сопствената сила.

Рак

Работа: Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак, тоа ќе биде доста напорно.

Љубов: Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси, ќе се појават и фрустрации.

Здравје: Ви треба краток одмор.

Лав

Работа: Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптоварани со работа.

Љубов: Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина.

Здравје: Не мора да се брзате.

Девица

Работа: Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор, но ќе се договорите.

Љубов: Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил, па и успехот е веројатен.

Здравје: Ќе имате пријатни соништа.

Вага

Работа: Ќе влијаете на настани, луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.

Љубов: Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе.

Здравје: Немојте да си го расипете карактерот.

Скорпија

Работа: Вашите сојузници се засилуваат, а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте.

Љубов: Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена.

Здравје: Не знаете до каде може да стигнете.

Стрелец

Работа: Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола.

Љубов: Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи.

Здравје: Ќе бидете фокусирани на други.

Јарец

Работа: Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите.

Љубов: Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати.

Здравје: Некои имаат духовни искуства.

Водолија

Работа: Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени, едноставно затоа што се неспроведливи во реалните услови.

Љубов: Ќе бегате во својот свет на соништа пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил.

Здравје: Помирете се со реалноста.

Риби 

Работа: Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.

Љубов: Во комуникацијата со саканата личност, сè поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет.

Здравје: Имате право кога ја негувате натуралноста.

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо

(Фото) Поранешната љубовница на Кеба се мажи: Фатена во златарница како избира прстен, еве кој е идниот младоженец

Еспресо

(Видео) Ѓани и Слаѓа уживаат на плажа во Дубаи: Она што го направи пејачот ги остави сите без зборови

Еспресо

(Фото) Голиот задник во преден план: Заводливата Ирина Шајк позираше без долна облека

Еспресо

„Можеш ли воопшто да платиш?“: Гоца Тржан донела шокантна одлука и ја испишала ќерката од приватното училиште

Еспресо
Се вчитува....