6.8 C
Скопје
09:55 - 12 декември, 2024

Хороскоп за 25 ноември: Јарците ќе бидат заводливи, Вагите ќе уживаат во ноќна забава

Овен

Како што одминува денот, ќе сфатите дека бурата во вас сè повеќе се смирува и дека се враќате на својот тек. Избегнувајте стресни ситуации и фокусирајте се повеќе на она што ве опушта. Најдобро би било времето да го поминете во поемотивна атмосфера со саканата личност.

Бик

Кога ќе ги направите сите пресметки, мошне сте задоволни од настаните од претходната недела. Мислите дека можете малку да се релаксирате, па ќе барате друштво на емотивен партнер. Во одреден момент, по некоја искра може да се запали помеѓу вас двајца.

Близнаци

Изморени сте од сè, а имате социјална обврска на која мора да присуствувате. Иако на моменти ќе се чувствувате исцедено, ќе се потрудите да заминете. Познатите лица со кои ќе имате интересна комуникација малку ќе ви го кренат расположението.

Рак

Ден на олеснување, растоварување од проблеми, мирни настани, кога се чувствувате смирени и сигурни. Ова е одлично време да поминете убави моменти со драги луѓе, со саканата личност. Ќе можете целосно да им се посветите и да го дадете најдоброто од себе.

Лав

Ова е ден кога работите некако ќе дојдат на свое место и кога ќе можете повеќе да се посветите на себе. Единствениот проблем е што сте целосно исцрпени и веројатно нема да можете да одговорите на некои интересни повици и предлози.

Девица

Ден кога утеха и олеснување барате во обврските околу куќата или во семејното опкружување. Ова во моментот е вашиот место на напојување со позитивна енергија и со задоволство ќе се препуштите на луѓето што ги сакате и со кои се чувствувате сигурно.

Вага

Денеска решивте да се олабавите, релаксирате и да ги оставите сите ваши проблеми зад себе. Постојат обврски кои им ги ветивте на домашните дека ќе ги извршите и денеска ќе им се посветите. Ако излезете навечер, загарантирана ви е добра забава.

Скорпија

Денеска ќе сакате да избегате. И тоа навистина би било најдоброто нешто да го направите. Ако имате можност, одете некаде надвор од градот или прошетајте на свеж воздух. Треба да се ослободите од заморот и негативноста. Само така ќе можете на вистински начин да ѝ се посветите на саканата личност.

Стрелец

Денеска завршете сè што е поврзано со емотивниот и пријателскиот сегмент, бидејќи постои можност блиските луѓе да ви забележат што не им обрнувате доволно внимание. Ќе се трудите да им угодите на сите, но времето поминато со партнерот ќе ви донесе најдобро расположение.

Јарец

Денес сте шармантни, духовити, заводливи. Сето ова и многу повеќе ќе го забележи и ќе делува личност која ви е исклучително драга. Ова не мора да биде исклучиво емотивен партнер, туку некој кого го познавате многу долго и во чие друштво секогаш се забавувате.

Водолија

Ден кога работите што сте ги планирале можете да ги завршите во мир и олеснување, ќе бидете растоварени. Не дозволувајте помислата на деловните обврски да влијае на вашето добро расположение. Утре е нов ден, а денеска е време само за вас и за луѓето што ги сакате.

Риби

Ако упаднете во размислувања за тоа што носи иднината, само ќе го расипете и онака кревкото расположение. Обидете се да се опуштите, да се ослободите, да ги окупирате мислите со некоја поубава страна од животот. Не е време за црни мисли. Љубовта е универзален лек за сè.

 

Слични објави

(Фото) Селена Гомез се сврши: На нејзината рака блесна огромен дијамант!

Еспресо

Хороскоп за 12 декември: Близнаците ќе имаат проблеми на работа, Вагите ќе имаат нова љубов

Еспресо

(Видео) Сопругата на Дарко Лазиќ откри со што се бори секој ден: Не е лесно, се здебелив и оќелавев

Еспресо

По 16 години живот во Америка: Ќерката на Кеба во трка за српски претставник на Евровизија

Еспресо

„Може само да ми ги смени прозорците на шупата“: Карлеуша брутална кон колешката Вики Миљковиќ

Еспресо

„Во затвор ја пеев – Ако не се вратам“: Српската пејачка откри како ѝ поминувале деновите додека била зад решетки во Австралија

Еспресо
Се вчитува....