11:09 - 2 април, 2026

Гвинет Палтроу продава фустан стар 20 години, а целиот приход ќе го донира во борбата против коронавирусот (ФОТО)

Актерката Гвинет Палтроу (47) одлучи да им помогне на научниците во потрагата по вакцина против коронавирусот, кој со месеци наназад ја тероризира целата планета.

За да помогне во кризата против коронавирусот, актерката одлучи да донира парични средства и да им помогне на научниците во процесот на откривање на вакцина која би спасила многу животи.

Гвинет ќе организира аукција на која ќе понуди свечен фустан со марка „Calvin Klein“, во кој прошета по црвениот тепих на доделувањето на Оскарите, во далечната 2000 година.

Фото: Принтскрин

Таа објасни зошто го нуди токму овој фустан, а главна причина е тоа што модата од деведесеттте години повторно се враќа на улиците, па во рамките на тоа актерката смета дека ова е вистински избор.

Меѓутоа иако одлучи да почне акција строго во хуманитарни цели, на многу нејзини следбеници оваа идеја не им се допадна, па ја критикуваа дека на лош начин одлучила да им помогне на СЗО.

– Ако сакаш да помогнеш едноставно стори го тоа, а не барај пари за фустан“, „Донирај пари, а не фустан кој повеќе не сакаш да го носеш“, гласеа само некои од негативните коментари.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо
Се вчитува....