13:45 - 19 декември, 2025

Годините ја стигнуваат Мадона – Турнејата прекината неколку пати, а третманите за закрепнување се екстремни (ФОТО+ВИДЕО)

Светската турнеја на Мадона наречена „Madame X“ досега откажана е неколку пати на барање на нејзиниот доктор, а музичката дива е ставена на низа необични третмани со цел да ја повратат за настапте.

Иако нејзиниот дух можеби засекогаш ќе остане млад, сепак телото го трпи товарот од години.

Влегувајќи во када полна со мраз, Мадона, која сега има 61 година, направи болна гримаса за тоа што и се случува во моментот, додека нејзиното дваесет и петгодишно момче, танчарот Ахмалалик Вилијамс, внимателно ја следи седнат до неа.

Светската турнеја на Мадона во Америка и Европа, која ќе трае 93 дена, е извонреден напор за секој изведувач, а особено за некој кој има 61 година.

Турнејата ,,Мадам Х” започна во септември, проследена со низа откажани настапи. Досега има осум концерти што не се одржале , а биле прекинати на барање на лекарот бидејќи Мадона се борела со „голема болка“ и исцрпеност, и покрај низата третмани кои вклучуваат трансфузија на крв, ледени бањи и масажи.

Со богатство од 400 милиони фунти и над 300 милиони продадени албуми, кралицата на поп музиката не мора никому да се докажува. Сепак, станува збор за нејзината решеност дека концертите мора да продолжат , а не од желбата да заработи повеќе пари или да добие уште поголема слава, пренесува Mirror.

Пред да го откаже наредниот концерт , Мадона им порача на своите фанови: „Да се ​​прави концерт секоја вечер ми носи толку многу радост што откажувањето го доживувам како вид казна. Болката што моментално ја чувствувам е преголема и треба да се одморам и да го послушам советот на лекарот за да можам да се вратам посилна и подобра. Иако настапите на Мадона досега биле организирани во огромни арени, овој пат концертите се изведуваат во театри каде сцената е поблиску до седиштата, со цел да се поврзе поп-sвездата со нејзината публика. На концертите, мобилните телефони не смеат да вклучени за публиката да биде фокусирана на настаните на сцена и да уживаат во концертот, за кој издвоиле од 50 до 750 долари.

Слични објави

Се колнеме во сѐ што ни е мило: Интимна приказна на Сузана Турунџиева

msp-admin

„Се онесвестив и ја удрив главата во мијалникот“: Сања Маринковиќ доживеала вистински кошмар пред големо патување

Еспресо

(Фото) Уникатна и секси на настап: Каролина Гочева во досега невидено издание

msp-admin

„Полошо е кога те изневерува со ист пол, верувајте ми“: Кија Коцкар за шокантни детали од бракот со Слоба Радановиќ

Еспресо

„Доживеа инфаркт и ми падна во раце“: Ова е најголемата трагедија во животот на Емина Јаховиќ

Еспресо

Не биле блиски: Викторија Лоба проговори за татко ѝ во Русија

msp-admin
Се вчитува....