17:59 - 11 ноември, 2026

Џесика Симпсон: Сфатив дека морам да го оставам алкохолот кога не можев да ги облечам децата!

Пејачката, актерка и модна дизајнерка Џесика Симпсон (39) одлучи да ја раскаже својата животна приказна во момарите кои ги нарече „Отворена книга“.

Мегу останатото, таа во својата книга признава и дека долг период претерувала со алкохолот, па дури и се случило и да не може да ги облече своите деца во костимите за Ноќта на вештерките.

Тој ден, како што вели во книгата, првата чаша ја испила во 7:30 наутро, но продолжила да пие цел ден. Подоцна во текот на денот, додека децата сакале да ги облечат костимите, нејзиниот сопруг Ерик Џонсон ја прашал дали може да му помогне да ги облече.

„Ми беше срам што ме гледаат во таква состојба. Срам ми е и да признаам дека не се сеќавам ниту кој тогаш ги облече во костимите“, признава Џесика.

Таа ноќ Џесика испила таблеа за спиење и се пробудила следното утро, обидувајќи се да ги избегне своите деца.

„Спиев, се плашев дека ќе ги видам, дека ги изневерив. Се криев додека не заминаа од домот, а потоа повторно почнав да пијам“, раскажува таа.

Наеднаш се освестила и одлучила да побара помош од семејството и пријателите.

Заминала на лекување и психолог два пати неделно, процесот бил долг и тежок но тоа имала целосна поддршка од семејството и пријателите.

Неизмерно се кае што била слаб карактер и излезот го барала во алкохолот, но вели дека сега ова со гордост го пишува, бидејќи се надева дека ќе му помогне и на некој друг.

Слични објави

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.
Се вчитува....