14:06 - 10 ноември, 2026

Фронтменот на групата „R.E.M.“ за коронавриусот: Ова е крај на светот каков што го познаваме!

Мајкл Стајп, фронтменот на групата „R.E.M.“, сними видео во кое на обожавателите им порачува да ја сфатат сериозно ситуацијата со коронавирусот и да следат четири правила.

Стајп ги запеа стиховите на песната „It’s the end of the world as we know it“, порачувајќи дека се чувствува добро.

– Минуваме низ нешто со што досега не сме се сретнале, а тоа е коронавирусот, кој е реален и сериозен – вели Мајкл.

– Разговарав со пријатели од Италија и тие ни испратија прекрасно видео во кое ни порачуваат да ја сфатиме ситуацијата сериозно. Не излегувајте од домот освен ако морате. Јас сум во бункер, во карантин веќе неколку дена, и така ќе продолжам. Не сакам да бидам неодговорен и некој друг да се зарази поради мене, но не верувам дека сум болен – порача Стајп.

View this post on Instagram

All about the industry

A post shared by Michael stipe fanpage (@michaelstipe_) on

Мајкл советува ги советува сите да почитуваат само 4 основни правила и смета дека се ќе биде во ред, а тоа се: Миење на раце во рок од 20 секунди, да не се излегува од дома, при кивање веднаш да се мијат рацете и информации да се добиваат само од стручни лица и институции, а не од социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....