22:43 - 18 декември, 2025

(ФОТОГАЛЕРИЈА) БАРАТЕ ВИКЕНД ДЕСТИНАЦИЈА? Берово како „мала Швајцарија“, зимска бајка која вреди да биде раскажана

Берово деновиве е вистинска зимска бајка. Замрзнатото езеро и снегот само ја надополнуваат зимската идила. Сместено во источниот дел на Македонија во подножјето на Малешевските Планини, со право го носи епитетот „Мала Швајцарија“.

Овој бисер на истокот со околу 7000 жители се протега на површина 595 километри квадратни и надморска височина од 670 до 1050 метри. Неговата убавина од која застанува здивот те предизвикува постојано да му се враќаш. Се враќаш заради боровите, букови и дабови шуми, чистата река и прекрасното езеро, но и заради чистиот воздух кој содржи најголема концентрација на кислород.

Беровчани велат дека за само една недела престој во Берово, црвените крвни зрнца ќе ви се зголемат двојно.

Во Берово го посетивме и манастирот Свети Архангел Михаил кој датира од 1818 година, а од 1840 година до денес има традиција на монаштво, сестринство кое во некои периоди достигнувало и бројка од шеесет монахињи. Манастирот е автентичен пример за македонската архитектура од 19 век, импресивни се неговите широки чардаци и конаците од камен. Во овој манастир до денес се негува традицијата на иконописна школа. Во манастирот Свети Архангел Михаил во Берово ќе го најдете вашиот душевен мир, но и прекрасни производи, како локуми, јаболков оцет и најразлични видови на слатко.

фото-Наташа Мустафа

Не можеш да отидеш во Берово, а да не го посетиш прекрасното езеро, опкружено со бујни борови шуми, совршено за долги прошетки на чистиот беровски воздух. Браната со висина од 60 метри е изградена во 1970 година. Езерото е погодно за спортски риболов и околу него има значителен број на сместувачки капацитети, како хотел, апартмани и слично.

Од Берово не можеш да си заминеш без да ја вкусиш прекрасната беровска храна, која се служи низ рестораните во градот и околината. Тоа е гастрономска приказна која не се пропушта, храна која треба да се вкуси и за која долго потоа се раскажува. Огромен избор на најразновидни јадења, вкусни салати, квалитетно месо, совршени десерти. Пробајте беровски зелник, жежено сирење, бабина торта…

Берово со своето богато културно историско наследство, чистиот воздух, преубавата природа, вкусната храна и топлите гостопримливи луѓе има одлични предиспозиции за алтернативен туризам како за странските, така и за домашните туристи.

Берово го доживеав како мало бајковито место, посакав да се изгубам низ тесните сокаци и да го впијам мирот и тишината што овој град ги нуди.

Берово ќе ве одмори, освежи, оздрави, подмлади, ќе ве релаксира, ќе ве рестартира… На вас е само да отидете… Топлите гостопримливи беровчани со радост ќе ве пречекаат…

фото-Наташа Мустафа
фото-Наташа Мустафа
фото-Наташа Мустафа

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....