-0.2 C
Скопје
03:39 - 7 март, 2026

(Фото) Зоки Фаци повторно опериран од карцином: Водителот се огласи од болница и порача

Естрадниот новинар и водител Зоран Василевски – Фаци, кој пред речиси две години беше опериран од карцином на ногата, повторно бил подложен на операција.

Василевски бил опериран во Државна болница, на Одделот за реконструктивна хирургија.

Василевски ги шокираше своите следбеници кога сподели фотографии и снимки дека се наоѓа во болница.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)


Василевски објави дека се наоѓа на Oдделот за пластична хирургија, каде му е отстранет тумор од ногата.

„Дечки мои, преживеав уште една голема битка, благодарам од срце на целиот тим на д-р Џонов и неговиот асистент Благоја Србов, како и на сите вработени на пластична хирургија, чувајте се, канцерот не е зезање, се надевам дека го победив уште еднаш“, напиша Василевски во описот на фотографиите.

Во видеата што ги објави синоќа од болницата, Зоки им се обрати на своите следбеници.

„Здраво, драги мои. Ви се обраќам од Државна болница, од Одделот за пластична хирургија. Добро сум, операцијата беше во 11 часот. Се освестив, цел ден спијам. Имам катетер, имам некои вакви чуда. Фала ви на сите за пораките, навистина многу ми значат, чувајте се. Се надевам дека карциномот е минато и дека нема веќе да се врати никогаш. Го издржав ова многу храбро“, вели тој.

Слични објави

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо

Свршеницата на Лука Дончиќ ги избриша фотографиите со кошаркарот, фановите збунети – „Дали е готово?“

E.A.
Се вчитува....