12.8 C
Скопје
04:52 - 8 септември, 2026

(Фото) Ѕирнете во домот на Сека Алексиќ во Стара Пазова: Базен, тропска оаза и 450 квадратни метри чист луксуз

Сека Алексиќ го користи секој слободен момент да го помине со семејството.

Со сопругот Вељко Пиљикиќ и синовите Јаков и Јована, Сека создала семејно гнездо во близина на Белград, во Стара Пазова (Војводина) каде пред неколку години изградила луксузна вила од 450 метри квадратни.

Кога ја уредувала куќата, Сека обрнувала внимание на секој детаљ.

На плацот, кој е опкружен со високи бели ѕидови, пејачката изградила вистински модерен замок за себе и за своето семејство.

На приземје има пространа дневна соба, кујна, голема трпезарија и бања.

На првиот кат има две соби и простран гардеробер на пејачката, а има и пространа бања од 40 квадрати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

– Уживам и кога сум на вториот кат каде што ми е канцеларијата. Внимателно го опремив, избрав биро и прекрасен црно-бел аголен мебел. Таму сум најмногу навечер, кога се допишувам со обожавателите – изјави своевремено Сека за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

-Голем дел од времето со Вељко го поминувам во пространата дневна соба, но омилена ни е спалната соба со тркалезниот кревет. Таму се изолираме и нежно ја планираме иднината.

Како што може да се види на фотографиите кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи, таа го украсила и го исполнила целиот простор со топли нијанси, а најмногу се забележуваат беж, црна и кафена боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Според фрагментите во кои можеме да ѕирнеме преку социјалните мрежи, Сека е голема љубителка на дрвен мебел.

Целиот дом зрачи со луксуз, исполнет е со огромни лустери, а има и сауна и џакузи каде пејачката сака да се релаксира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Но, тоа не е се, покрај куќата, пејачката ужива во вистинска идила – тука е огромниот двор во кој има и базен, лежалки и тропска оаза која ја создала благодарение на бројните растенија и палми, како и игралиште за нејзините малечки.

 

 

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....