7.8 C
Скопје
21:11 - 1 април, 2026

(Фото) Женска солидарност: Сопругата на Меси ја поддржа Шакира за хитот за Пике, ама има и зошто!

На Антонела Рокуцо ѝ се допаѓа новиот хит на Колумбијката во кој таа го исмејува Шпанецот.

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, и колумбијската пејачка Шакира продолжуваат отворено да се препираат.

Парот не ја крие омразата која ја „истураат“ на социјалните мрежи откако раскинаа.

Веќе е познато, популарната пејачка објави нова песна во која жестоко го „боцка“ шпанскиот фудбалер.

Интересно е што на објавата на Инстаграм реагирала сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо.

Таа во коментарите остави пет „емоџи“ во форма на оган што јасно стави до знаење дека ѝ се допаѓа песната на Шакира и дека отворено ја поддржува.

Потсетуваме дека Меси во јануари 2022 година имаше конфликт со Пике. Тогаш Шпанецот не сакаше да го поддржи Лео да остане во тимот. Подоцна медиумите објавија дека Пике го советувал претседателот на Барселона, Жоан Лапорта да не го продолжува договорот со Меси.

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....