02:54 - 10 ноември, 2026

Попоски најавува нов ПОРАСТ на температурите до 15 степени, еве кога!

– За време на овој викенд во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Денес ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе провејува снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Во текот на следната седмица и тоа под влијание на циклонска активност од запад и изразено јужно воздушно струење температурите ќе бележат тенденција на ПОРАСТ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и над 15 степени. Ќе има и повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Услови за врнежи од снег ќе има само на највисоките планини на запад.

Во Скопје и околината исто така во текот на следната седмица очекуваме поголема промена на времето која ќе биде проследена со засилен јужен ветер, повремени врнежи од дожд и значително повисоки температури на воздухот кој ќе се искачат до околу 15 степени.

НАПОМЕНА : Температурите кој ги очекуваме во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој дел од годината, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....