15.8 C
Скопје
16:54 - 25 септември, 2026

(Фото) Здравко Чолиќ ужива со ќерката Лара на јахта! Таа цврсто го прегрнува, семеен момент што ги разнежи сите

Ќерката на музичката ѕвезда Здравко Чолиќ, Лара, сподели фотографија на Инстаграм која привлече големо внимание од следбениците.

Видеото што го објави Лара ги прикажува неа и татко ѝ Здравко како уживаат во возење со јахта на зајдисонце, додека нивната емотивна прегратка е во преден план.

Лара го прегрнала Здравко и ја потпрела главата на неговото рамо, а двајцата биле насмеани додека во зад нив се простираат мирното море и зајдисонцето.

Оваа глетка многумина ја опишаа како еден од најубавите семејни моменти што семејството Чолиќ ги споделил со јавноста, токму поради топлината и блискоста што може да се почувствува на фотографијата.

Лара ретко објавува вакви интимни моменти со своето семејство, па затоа оваа фотографија дополнително го привлече вниманието на јавноста.

Многумина забележале и дека легендарниот пејач изгледа одморено и насмеано, додека други коментирале за прекрасната атмосфера, која дополнително ја нагласила зајдисонцето.

Здравко Чолиќ, кој со децении важи за еден од најпопуларните пејачи во регионот, најчесто го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, па затоа секоја ваква објава предизвикува голем интерес.

Да потсетиме дека во интервју за македонските медиуми, Здравко Чолиќ откри детали за своите ќерки за кои претходно не зборувал јавно.

– Не сум премногу строг, но сум кога треба. Постојано им го кажувам тоа на моите деца, знаете… Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално… Па, и јас би бил разгален да сум на нивното место. Сепак, јас би очекувал некако повеќе од нив, знаете, но… – рекол Здравко Чолиќ за „Еден на еден“.

 

Слични објави

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо
Се вчитува....